28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој четврти растителен и животински вид е во опасност од истребување

Секој четврти растителен и животински вид е во опасност од истребување

Меѓународната заедница за зачувување на природата (IUCN) објави нови резултати од Црвениот список на загрозени видови на IUCN: од 128.918 животински и растителни видови, 35.765 се загрозени.

Најновите податоци покажуваат дека 31 растителен и животински вид преминале во категоријата „исчезнати“, а истото им се заканува и на сите слатководни делфини.

Меѓу растенијата од семејството даб, со вкупно 441 вид, 113 се во опасност од истребување. Благодарение на напорите за зачувување на природата, европскиот бизон кој е најголемиот копнен цицач во Европа, премина од „многу чувствителна категорија во малку ризична“.

Црвениот список на загрозени видови постои од 1964 година како најавторитетен глобален преглед на состојбата со флората и фауната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП