28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАHTC ги подготвува Max One и женскиот смартфон Zara

HTC ги подготвува Max One и женскиот смартфон Zara

hta

Вработен од „HTC“ неофицијално ги потврди гласините дека компанијата навистина работи на развој на два нови паметни телефони кои ќе се појават на пазарот уште оваа година.

„One Max“ и „Zara“ за сега се само проекти на хартија, но веќе почна работата за средување на хардверот и подготовка за составување на првичните верзии на моделите. Што се однесува до моделот „Max“, тој веројатно е дури и во напредна фаза, затоа што за него слушаме веќе подолго време.

Тој е наследник на уредот со кодирано име „Т6“, кој по претходна информација ќе располага со 5.9-инчен екран на допир и ќе работи во резолуција „Full HD“. Премногу веројатно е моделот да работи со процесор „Snapdragon 800“ на „Qualcomm“, да има 2GB RAM меморија, како и вградена во износ од 32 или 64 GB. Уредот, кој според информациите досега ќе е со најновата верзија на оперативниот систем „Android 4.3“.

„HTC Zara“ е целосна мистерија засега и освен името не се знае никаков друг детал. Во голем број на кинески сајтови има информации според кои можеме да го дефинираме како верзија на предводникот „One“, но ќе биде наменет за дамите. Компанијата немала таргетирање за дамски телефон уште од времето на релативно неуспешниот „Ryme“, па сосема е можно овие претпоставки да бидат апсолутно точни. Сепак и двата телефони се очекува да бидат претставени на пошироката јавност до крајот на оваа или најдоцна до почетокот на следната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП