26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНаправете го сами најмоќниот лек за синуси

Направете го сами најмоќниот лек за синуси

За многу болести, особено хронични, најдобри се природните лекови. Нема штетни ефекти, а и многу се поевтини.

Со силниот ветер и ладните денови започнуваат маките на сите оние кои имаат честа појава на воспаление на синусите.

Главоболките се задолжителна појава при синузитис, за кој не помагаат ниту најсилните лекови. Поради тоа е попаметно да се завртите кон природните методи за ублажување на болките, отколку кон хемиските пепарати. Најдобриот сојузник во оваа борба е ренот.

Рецепт

Препорака е свежиот рен да го изрендате и да го прелиете со вински оцет, а потоа да го ставите во шише од половина литар и да го затворите. Смесата држете ја десет дена на собна температура со повремено мучкање. Кога ќе поминат овие денови, неколку пати во текот на денот преку отвореното грло на шишето вдишувајте околу пет минути.

Со истата течност натопете парче ткаенина и држете ја преку ноќ на челото. Терапијата трае пет дена, што е доволно лутиот и силен мирис на ренот во оцетот да го реши синузитисот и непријатните главоболки. Едно од решенијата е и да набавите 50 гр рен, да го ставите по пет децилитри вода и да го зовриете. Потоа, ставете ја главата над садот на оган и прекријте се со пешкир и вдишувајте од пареата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП