25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуска докторка: По вакцинацијата со нашата вакцина да не се пие алкохол...

Руска докторка: По вакцинацијата со нашата вакцина да не се пие алкохол 56 дена

Русите се збунети овие денови со спротивставени владини совети за консумирање алкохол по вакцинацијата против Ковид-19.

Минатата недела вицепремиерот Татјана Голикова, задолжена за организирање масовна вакцинација со Спутник V, рече дека оние кои се вакцинирани треба да го ограничат внесувањето на алкохол 21 ден по првата доза и 21 ден по втората.

Но, оваа недела, друг владин претставник на чело на руското тело за надзор, епидемиологот Ана Попова, рече дека вакцинираните лица треба да избегнуваат алкохол 56 дена. Таа не изјави дали овој совет е заснован на какво било истражување.

„ Подоцна би рекол дека вакцината не е ефикасна затоа што луѓето пиеле алкохол“ некои луѓе саркастично ги коментираа ваквите упатства на социјалните мрежи.

„ Дали воопшто размислуваа за тоа што прават? Воведоа вакцинација во декември. Подоцна ќе кажеа дека вакцината не е ефикасна затоа што луѓето пиеле алкохол”, коментира еден корисник на социјалните мрежи.

Александар Гинцбург, раководител на рускиот истражувачки центар „Гамалеја“, кој ја разви вакцината „Спутник V“, се обиде да ја смири ситуацијата и рече дека граѓаните треба да се воздржат од алкохол само три дена пред и три дена по примањето на вакцината.

Нема многу научни истражувања што велат дека не е добро да се консумира алкохол по вакцинирањето, пишува Би-Би-Си, иако научната заедница се согласува дека прекумерното пиење може да го ослаби одбранбениот систем.

Програмата за вакцинација на Русија веќе се соочува со проблеми и ова упатство за забрана за консумирање алкохол може дополнително да ја обесхрабри руската јавност. Имено, истражувањето на јавното мислење спроведено од Superjob.ru минатата недела покажа дека само 30% од Русите сакаат да се вакцинираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП