29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКога пристигнува целосно електричниот „Bentley“?

Кога пристигнува целосно електричниот „Bentley“?

„Bentley“ неодамна ја објави својата одлука да им понуди на клиентите комплетно електрична гама на возила, најдоцна до 2030-та година.

Адријан Холмарк, еден од директорите во компанијата „Bentley“, најави дека наскоро ќе лансираат комплетен асортиман на електрични автомобили и дека ова ќе биде иднината на компанијата, која изгледа се насочува „на другата страна“.

Првиот целосно електричен „Bentley“ пристигнува во 2025-та година, до 2026-та година сите модели на „Bentley“ ќе бидат „plug-in“ хибриди или целосно електрични, а до крајот на деценијата компанијата планира целосно да престане да произведува мотори со внатрешно согорување.

Од „Bentley“ исто така наведуваат дека нивната внатрешна студија покажала дека најмалку 55 проценти од сегашните клиенти се заинтересирани за купување електричен „Bentley“ автомобил.

Тој првиот електричен модел за 2025-та година очигледно ќе биде зголемена лимузина, базирана на платформата на „VW Group“, а која се развива како дел од проектот „Artemis“. Во веста се споменуваат и батерии од 110 и 120 kWh, како и автономија од 400-500 км.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП