25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Најголемиот грабеж со картички!

САД: Најголемиот грабеж со картички!

karticka

Четворица државјани на Русија и еден на Украина се обвинети од федералниот суд во Њу Џерси за најголемата хакерска измама во историјата на САД.

Според истражните органи, осомничените со хакирање на корпоративните компјутерски мрежи имале пристап до 160 милиони кредитни и дебитни картички. Во текот на седум години тие извршувале нелегални операции со кредитните картички на големите компании, меѓу кои се најдоа електронската берза „NASDAQ“, малопродажниот ланец „7-Eleven“, францускиот трговски ланец „Carrefour“ и белгиската банка „Dexia“.

Собраните податоци тие ги продавале на препродавачите кои подоцна биле нудени на индивидуални купувачи или организации.

Тие од декодираните податоци изработувале кредитни картички со кои подигнувале пари или купувале стока. Според прелиминарните податоци финансиските загуби би можеле да бидат неколку стотини милиони долари.

Износот на штетата која секоја година ја нанесуваат хакерите на САД достигнува 100 милијарди долари. Тоа се податоци на заедничката анализа на американскиот Центар за стратешки и меѓународни истражувања и компанијата „McAfee“ која се занимава со заштита на електронските мрежи.

Покрај тоа САД губи повеќе од пола милион работни места, поради тоа што сајбер криминалците крадат и деловни тајни. Вкупните загуби на светската економија поради ваквите злочини достигнува 500 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП