20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои се сите несакани ефекти кои ги предизвикуваат вакцините против Ковид-19

Кои се сите несакани ефекти кои ги предизвикуваат вакцините против Ковид-19

Велика Британија во вторникот стана првата земја во светот која започна со вакцинација против коронавирусот, со вакцина произведена од Pfizer / BioNTech. Исто така, Moderna и AstraZeneca постигнаа напредок во развојот на вакцините за коронавирус, а подолу можете да видите кои несакани ефекти се пријавени досега и кои земји исто така развиваат вакцини.

MedShadow, непрофитна веб-страница за здравствени вести, ги дава и најновите и најрелевантните информации за вакцината за коронавирус.

Moderna

„Moderna“ започна со 3-та фаза од клиничките испитувања на својата вакцина во јули. Во претходните студии, скоро половина од пациентите имале чести несакани ефекти како болка во местото на убод, осип, главоболка, болки во мускулите, гадење и треска по примање на втората доза на вакцината. Овие несакани ефекти генерално беа ублажени во рок од два дена и досега не се пријавени други опасни или сериозни несакани ефекти.

Moderna издаде соопштение за јавноста за привремените резултати од клиничките студии во Фаза 3, во кои се наведува дека 2,7% од пациентите имале болка на местото на инјектирање по првата доза. По втората доза, пациентите пријавиле повеќе несакани дејства, вклучително замор (9,7%), миалгија (8,9%), артралгија (5,2%), главоболка (4,5%), болка (4,1%) и еритем -црвенило на местото на пункција (2,0%). Во извештајот се наведува дека овие несакани ефекти биле краткотрајни.

Pfizer

Во раните фази на испитувањата, некои субјекти пријавиле несакани ефекти како болка во местото на инјектирање, осип, главоболка, болки во мускулите, гадење и треска. Овие несакани ефекти биле исто така краткотрајни и обично исчезнале во рок од два дена.

Некои испитаници изјавиле дека несаканите ефекти што ги доживеале се слични на мамурлак. Медицинска сестра која учествувала во клиничкото испитување пријавила дека чувствува минимални ефекти по првата доза, но по втората доза имала температура од 40 ° C, главоболка и силна болка на местото на инјектирање. Истражувачите велат дека нејзиното искуство е ретко, иако многу пациенти имале еден или два несакани ефекти.

Покрај тоа, Агенцијата за храна и лекови на САД (FDA) објави дека четворица пациенти кои примиле вакцина, доживеале Белова парализа. Таа е ненадејна, и обично привремена парализа на мускулите на лицето.

Johnson & Johnson

Тие започнаа со клиничките испитувања во фаза 3 во септември, но тогаш дојде до пауза на 12 октомври поради необјаснета болест. Доколку вакцината е ефикасна, тие се надеваат дека може итно да биде одобрена уште во почетокот на 2021 година. Во претходните студии, околу 70% од пациентите доживеале барем еден несакан ефект сличен на другите вакцини, вклучувајќи болка во местото на пункција, осип, главоболка, болки во мускулите и треска.

AstraZeneca

Еден субјект развил миелитис и на 6 септември дојде до пауза. Но, истражувачите утврдиле дека инцидентот не е поврзан со вакцината и продолжиле со испитувања. Во претходните испитувања, многу пациенти пријавиле лесни несакани ефекти, слични на другите вакцини. Овие несакани ефекти вклучуваат болка во местото на пункција, осип, главоболка, болки во мускулите и треска. Некои од испитаниците примале ацетаминофен за да ја намалат болката и треската. Скоро половина од пациентите доживеале и привремена неутропенија – намалување на бројот на бели крвни зрнца што го прави особата поподложна на инфекции.

CanSinBio (Кина)

Кина даде итно одобрување за оваа вакцина пред почетокот на Фазата 3 од клиничкото испитување. Во фазата 2 од клинички испитувања, скоро три четвртини од пациентите пријавиле барем еден лесен несакан ефект, вклучувајќи болка во местото на пункција, осип, главоболка, болки во мускулите и треска. Пет лица исто така пријавиле повраќање.

Институт за истражување Гамалеја (Русија)

Истражувачкиот институт Гамалеја започна клинички испитувања во Фаза 3 во август. Сепак, пред да започнат, претседателот Путин објави дека вакцината е одобрена порано, но се очекува дека фазата 3 ќе продолжи. Во претходните испитувања, скоро сите испитаници имале ниска температура, а мал број испитаници пријавиле срцебиење. Инаку, пријавените несакани ефекти биле слични на другите вакцини и вклучувале болка во местото на пункција, осип, главоболка и болки во мускулите.

Novavax (Велика Британија)

Клиничките испитувања во фаза 3 започнаа во септември и за време на фазите 1 и 2, испитаниците пријавија несакани ефекти слични на оние на другите кандидати за вакцини, вклучувајќи болка во местото на пункција, осип, главоболка, болки во мускулите, треска, гадење и повраќање.

Sinopharm (Кина)

Клиничките испитувања во фазата 3 започнаа во јули, а во претходните испитувања, околу 15% од испитаниците пријавиле несакани ефекти слични на другите кандидати за вакцини, вклучувајќи болка во местото на пункција, осип, главоболка, болки во мускулите, треска, гадење и повраќање.

Sinovac (Кина)

Клиничките испитувања во фазата 3 за вакцината CoronaVac започнаа во јули и, благодарение на итното одобрување, веќе се користат меѓу групи со висок ризик. Претходните студии покажаа дека околу една третина од пациентите доживеале несакани ефекти слични на другите вакцини, како што се болка на местото на инјектирање, треска и замор. Покрај тоа, студијата содржи неколку детали за поспецифични симптоми како гадење, главоболка и повраќање. Во Бразил, истрагата беше запрена на 10 ноември за смртта на еден од учесниците, но истражувачите велат дека смртта не е поврзана со вакцината. Тестирањето во други земји не е паузирано.

Детски истражувачки институт Murdoch (Англија)

Институтот спроведува фаза 3 од клиничките испитувања со вакцината Bacillusa Calmette-Guerina. Станува збор за вакцина развиена пред скоро еден век, а чија примарна цел е инфекција со туберкулоза. Пренамената на оваа вакцина треба да го спречи Ковид-19. Бидејќи вакцината постои толку долго време, постојат многу извештаи за нејзините потенцијални несакани ефекти, а самата вакцина е изменета за да се сведат на минимум многу несакани ефекти. Најчестите несакани ефекти се болка на местото на инјектирање и оток на лимфните јазли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП