19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина забрани 105 апликации, вклучувајќи го и „TripAdvisor“

Кина забрани 105 апликации, вклучувајќи го и „TripAdvisor“

Кина отстрани 105 апликации од дигиталните продавници, вклучувајќи ја и американската платформа за патувања „TripAdvisor“.

Кинеската администрација за сајбер простор, без да наведе детали, соопшти дека отстранетите апликации кршат еден од трите закони за безбедност на Интернет.

Кинеските власти изјавија дека забраната е одговор на содржината што јавноста ја смета за навредлива.

Повеќето отстранети апликации се кинески, а тоа е сторено како дел од кампањата за отстранување содржини поврзани со порнографија, проституција, коцкање и насилство.

Во последните неколку месеци се зголемија тензиите околу сајбер-просторот меѓу Кина и Соединетите држави.

Откако американскиот претседател Доналд Трамп ова лето објави дека Соединетите држави ќе ја забранат апликацијата „TikTok“, кинеските власти изјавија дека ќе преземат „неопходни мерки“ за да ги заштитат интересите на кинеските компании.

Во Кина, „Google“, „Twitter“ и „Facebook“ се блокирани по претходно наметнатите ограничувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП