9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMasterCard отвора две регионални претставништва

MasterCard отвора две регионални претставништва

mastercard

Компанијата MasterCard Europe објави дека го назначува Артур Туремка (Artur Turemka) за менаџер на Балканскиот регион за пазарот во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Србија и Црна Гора. Исто така, компанијата го објави отворањето на две нови регионални претставништва, и тоа во Белград, Србија и во Софија, Бугарија.

Во MasterCard Туремка доаѓа во 2010 година како Account Manager, и тоа во претставништвото на MasterCard во Варшава, Полска. Пред да Ѝ се придружи на компанијата MasterCard, Туремка работи во Секторот за развој на банкарство на мало во Рајфхајзен банка (Reiffeisen Bank) во Полска, а пред тоа работи во Секторот за маркетинг и односи со јавност во компанијата Јагуар и Ленд Ровер (Jaguar & Land Rover), исто така во Полска.

Туремка е Магистер по маркетинг и менаџмент при Варшавскиот универзитет. Понатаму, студирал Бизнис администрација на Универзитетот во Грац, Австрија, а во моментов ги завршува докторските студии од областа на менаџментот, на Економскиот факултет во Варшава (Warsaw School of Economics).

„Возбуден сум што ќе ја предводам компанијата MasterCard во Балканскиот регион. Уверен сум дека електронското плаќање во регионот ќе продолжи успешно да се развива и во иднина. Отворањето на двете регионални претставништва во Софија и Белград е значаен чекор за понатамошниот развој на нашиот бизнис во регионот и за зајакнувањето на соработката со нашите партнери“, изјави Туремка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП