Цените на електричниот кросовер „Opel Mokka-e“ за Европа беа објавени на 22-ри септември, а првите испораки до клиентите ќе бидат во март 2021-ва година. Според „InsideEVs“, што се однесува на дилерите на брендот, тиражот на моделот е купен за скоро една година однапред.
За изненадување, повеќето нарачки се од Германија, каде купувачите добиваат од властите „еколошки бонус“ од 9.750 евра. Така, почетната цена на „Opel Mokka“ се намали на 23.430 евра. Без попуст, основната верзија чини 32.990 евра, верзијата „Edition“ е 34.110 евра, „Elegance“ чини 37.300, „GS Line“ е 38.980 евра и „Ultimate“ чини 41.220 евра.

