26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСуга: Новиот стимул ќе и помогне на јапонската економија да се прошири...

Суга: Новиот стимул ќе и помогне на јапонската економија да се прошири за 3,6%

Новиот стимулативен пакет, кој би требало да ја поддржува јапонската економија на патот за санирање од штетата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, веројатно ќе му помогне на бруто домашниот производ да порасне за 3,6%, пренесе „Reuters“.

Кабинетот на Суга одобри пакет помош од 73,6 трилиони јени (708 милијарди долари), што вклучува околу 40 трилиони јени (384 милијарди долари) во форма на директно фискално трошење и иницијативи насочени кон ограничување на емисиите на јаглерод во земјата и стимулирање на развојот на дигиталните технологии.

Трошоците за новиот пакет ќе бидат делумно финансирани преку 19,2 трилиони јени од третиот дополнителен буџет на земјата, според „Bloomberg“.

„За да се заштитат животот и егзистенцијата на луѓето, пакетот има за цел да ги поддржи работните места и бизнисите, економското закрепнување и развојот на нови можности за раст како што се зелените и дигиталните (технологии)“, рече премиерот Суга.

Тој посочи дека пакетот ќе вклучува и поддршка за здравствените установи и домовите за стари лица.

Според планот на јапонскиот премиер, околу 5,9 трилиони јени ќе одат на мерки за контрола на вирусот. Уште 18,4 трилиони јени ќе бидат насочени за поддршка на структурните промени во економијата по пандемијата. Околу 5,6 трилиони јени ќе бидат издвоени за управување со катастрофи. Уште 5 трилиони јени ќе се користат како резервни средства доколку е потребно во текот на тековната фискална година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП