6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретпладне сончево со мала до умерена облачност и магла по одделни котлини,...

Претпладне сончево со мала до умерена облачност и магла по одделни котлини, кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе има појава на магла по одделни котлини. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон среда ќе има врнежи од дожд.

Утринската температура ќе се движи од минус 2 до 3, а дневната од 9 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност, претпладне со услови за магла. До крајот на денот значително облачно. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 12 степени.

Во среда повторно ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер. Потоа, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП