петок, февруари 26, 2021
15 °c
Skopje
10 ° пет
6 ° саб
5 ° нед
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,999.58 0%    KMB 7,936.28 -3.17%    OKTA 3,501.00 -2.75%    REPL 106,000.00 0%    RMDEN19 99.50 0%    STB 1,254.91 -0.32%    STIL 58.00 0%    TETE 1,800.00 0%    TNB 20,326.29 -2.38%    TTK 1,407.70 -1.8%    UNI 2,522.00 -2.25%    
Почетна ЕКОНОМИЈА МАКЕДОНИЈА

Народната Банка ја ревидираше проекцијата, БДП годинава ќе падне за 4,9 проценти

декември 7, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, ТОП ВЕСТИ
A A
Народната Банка ја ревидираше проекцијата, БДП годинава ќе падне за 4,9 проценти
57
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Македонската економија ќе ја заврши годината со пад на БДП од 4,9 проценти. По продолженото влијание на пандемијата со Ковид -19, Народната банка ја ревидираше проекцијата, па ако во април проектираше дека домашната економија ќе биде во негатива од 3,5 проценти, сега прогнозите се попесимистички, падот ќе биде поголем за 1,4 процентни поени, или ќе изнесува 4,9 проценти. Закрепнување на домашната економија се очекува во 2022 година. Овие проекции на Централната банка се совпаѓаат со проекциите на меѓународните финансиски институции.

Гувернерката Анита Бежоска Ангеловска, рече дека главните причини за надоланата корекција на БДП се што закрепнувањето кое се очекуваше во втората половина на годинава не се случи, поради вториот бран на пандемијата со корона вирусот.

„За разлика од априлските проекции, најновиот циклус на макроекономски проекции претпоставува подолготрајни и продолжени ефекти од пандемијата на Ковид -19 и врз глобалната и врз домашната економија. Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. Макроекономското сценарио и ризиците околу него во најголема мера се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти. Засега, имајќи предвид дека ковид-шокот е од неекономска природа, не се очекува тој да има позначителни ефекти врз долгорочниот потенцијал за економски раст“, рече Бежоска.

Според неа, најновите проекции упатуваат на пад на економската активност од 4,9 отсто годинава, и постепено закрепнување со интензитет од 3,9 отсто и 3,6 проценти во следните две години.

„Правиме надолна ревизја на проекциите за развој на домашната економија во целиот  период на проекции. Во 2020 проектираме пад на економската активност од 4,9 проценти наспроти пад од 3,5 проценти во април и априлскиот циклус на проекции во услови на послаби остварувања во првата половина од оваа година и оценки за поспоро закрепнување во втората половина, имајќи ги во предвид вториот бран на пандемијата. На среден рок предвидуваме постепено, но доумерено закрепнување на економската активност со стапки на раст од 3,9 проценти, 3,6 проценти и 4 проценти во 2021, 2022 и 2023 година соодветно. Оваа стапка на раст значи дека економијата би се вратила на преткризно ниво во текот на 2022 година“, рече Гувернерката.

Пад ќе има во сите сегменти на БДП, освен во јавната потрошувачка. Најголем пад ќе има кај бруто инвестициите од 12,8 проценти, личната потрошувачка се проектира со пад од четири проценти, а извозот од 11,7 проценти.

Јавниот долг според Народната банка се очекува годинава да биде околу 60 проценти од БДП, а до година да се зголеми за дополнителни 1 до 2 процентни поени.

„Макроекономските проекции на Народната банка во однос на фискалната политика ги вградуваат најновите расположиви информации, според коишто оваа година буџетскиот дефицит би се позиционирал некаде на околу 8,5% од БДП, а потоа би дошло до постепена фискална консолидација. Притоа, напоменуваме дека буџетот за 2021 година сѐ уште не е усвоен, а новата фискална стратегија исто така сѐ уште не е донесена. Оттука, не располагаме со попрецизни податоци, но според наши оцени, финансирањето на дефицитот би било комбинирано и од домашни и од надворешни извори. Дополнително, проекциите претпоставуваат и интензивирање на јавните инфраструктурни проекти, што значи и дополнително надворешно задолжување на јавните претпријатија, а ефект врз јавниот долг ќе има и најавата за користење на средства од новата кредитна линија на Развојната банка. Со вака вградените претпоставки, според прелиминарните оцени, а имајќи ги предвид и отплатите коишто достасуваат во последниот квартал, оваа година очекуваме јавниот долг да биде околу 60%, а наредната година да се зголеми за 1 до 2 процентни поени. Ова е очекувано со оглед на потребната контрациклична фискална политика, но она што е важно буџетските расходи да се целно насочени кон поддршка на растот и потенцијалот на економијата. На таков начин ќе се овозможи и побрзо стабилизирање на нивото на јавниот долг на среден рок“, дополнителноо објаснија од Народната банка.

Инфлацијата и понатаму останува ниска и стабилна, иако повисока во однос на априлските оцени. Во просек, во 2020 година се очекува инфлација од 1,1 отсто, што е над априлските оцени од околу 0 проценти.

„Овие отстапувања во голема мерка се одраз на ефектите врз понудата од синџирите на снабдување заради пандемијата, но и нејзините ефекти врз структурата на побарувачката. За 2021 година и 2022 година, тековните проекции се задржуваат непроменети и укажуваат на просечна инфлација од 1,5 и 2 отсто, во услови на постепено закрепнување на побарувачката и умерен раст на увозните цени. Високата неизвесност во поглед на идната динамика на берзанските цени на примарните производи и понатаму останува главен ризик фактор на проекцијата“, објаснуваат од НБМ.

Кредитната активност на банкарскиот систем и во период на криза продолжува да биде еден од важните фактори за поддршка на економскиот раст.

Ризиците околу проекциите и понатаму се оценуваат како изразено надолни и се речиси целосно поврзани со пандемијата на ковид-19.

„Главниот надолен ризик се поврзува со евентуалното повторно воведување на строги рестриктивни мерки за спречување на ширењето на вирусот, како одговор на веќе актуелниот втор бран на пандемијата, како и евентуалното побавно справување со вирусот од тековните очекувања. Но, од друга страна, побрзиот напредок во третманот на корона-вирусот, како и во развојот на вакцина се фактори на оптимистичката страна. Доколку заканата од корона-вирусот се надмине побрзо од очекуваното, зајакнатата доверба би можела значително да ја поттикне глобалната економска активност“, објасни Бежоска.

Со ревизија на проекциите за БДП денеска излезе и Институтот „Finance Think“ откако Државниот завод за статистика објави дека БДП во третиот квартал од годинава падна за 3,3 проценти. Проценуваат дека годинава ќе ја завршиме со пад на економијата од 4,8 проценти.

„Во третиот квартал од 2020, БДП се намали за 3.3%. Ова намалување е нешто помало од проекцијата на Finance Think од 11 април 2020 од -4.7%, поради владината интервенција за ублажување на социо-економските ефекти од Ковид-19, која свој најголем интензитет достигна во третиот квартал. Тоа се согледува и преку растот на јавната потрошувачка во овој квартал од 13.5%, во услови кога домаќинствата продолжиле да бидат воздржани (пад на приватната потрошувачка од 4.1%), а условите на трговијата продолжиле да бидат отежнати (пад на извозот и увозот од 8.4% и 2.4%, соодветено). На производната страна, во третиот квартал се забележува релативна консолидација, која е значајна кај најпогодените сектори: преработувачката индустрија, трговијата, транспортот и хотелиерството, иако тие го продолжиле својот пад. Невработеноста во третиот квартал од 2020 благо се намали, на 16.5% од претходните 16.7%, додека вработеноста се намали од 47.1% на 46.6%. Врз основа на подобрите остварувања во третиот квартал и очекувањето за влошена активност во четвртиот квартал, во однос на проекциите од април 2020, Finance Think ја корегира проекцијата за падот на БДП во 2020 на -4.8%, како и во четвртиот квартал од 2020 на -1.8%. Под претпоставка дека економските текови ќе продолжат со разумно темпо на нормализација до почетокот на вториот квартал од 2021, што пак е одредено од брзината и ефикасноста на вакцинирањето против Ковид-19, проекцијата за растот на БДП во 2021 изнесува 4.9%.”, велат од  Институтот „Finance Think“.

С.А

Тагови: банканароднапроекција
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Кралицата, како и сите други, ќе застане во ред за вакцинација?

Следна Објава

Статистика: БДП во третиот квартал паднал 3,3 проценти, а во вториот не 12,7 туку историски 14,9 проценти

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Десет клубови упатија барање до Агенција за млади и спорт за присуство и надзор на Собранието на СФМ закажано како редовно за да се превенира незаконитоста во изборот на ново раководство
АВТОБИЗ

Десет клубови упатија барање до Агенција за млади и спорт за присуство и надзор на Собранието на СФМ закажано како редовно за да се превенира незаконитоста во изборот на ново раководство

февруари 26, 2021
3

Десет спортски клубови кои се членови на СФМ јавно ги повикуваат претставниците од Агенцијата за млади и спорт да присуствуваат...

Прочитај повеќе
А1 со нова атрактивна понуда: Со А1 Combo попуст од 20.000 денари за смартфон или смарт телевизор
КОМПАНИИ

А1 со нова атрактивна понуда: Со А1 Combo попуст од 20.000 денари за смартфон или смарт телевизор

февруари 26, 2021
22

А1 Македонија со големо задоволство ја најавува најновата промоција креирана да одговори на корисничките потреби на целото семејство, деловните субјекти...

Прочитај повеќе
Намалена добивката на Стопанска банка АД Скопје како резултат на пандемијата од Ковид – 19
ЕКОНОМИЈА

Намалена добивката на Стопанска банка АД Скопје како резултат на пандемијата од Ковид – 19

февруари 26, 2021
28

Во деловната 2020 година Стопанска банка АД Скопје оствари 1.957.217 илјади денари нето добивка или речиси 32 милиони евра. Од...

Прочитај повеќе
Македонски Телеком со зголемена добивка и раст во интернет, ТВ и ИКТ сегментот во 2020 година
КОМПАНИИ

Македонски Телеком со зголемена добивка и раст во интернет, ТВ и ИКТ сегментот во 2020 година

февруари 26, 2021
39

Македонски Телеком оствари позитивни резултати во 2020 година и покрај предизвиците на работењето што ги наметна ковид-19 пандемијата. Продолжува растот...

Прочитај повеќе
Народната банка донесе Одлука за привремено ограничување на распределба и исплата на дивиденда на банките
ЕКОНОМИЈА

Народната банка донесе Одлука за привремено ограничување на распределба и исплата на дивиденда на банките

февруари 26, 2021
33

Советот на Народната банка денес одржа редовна седница на којашто донесе Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Десет клубови упатија барање до Агенција за млади и спорт за присуство и надзор на Собранието на СФМ закажано како редовно за да се превенира незаконитоста во изборот на ново раководство

Десет клубови упатија барање до Агенција за млади и спорт за присуство и надзор на Собранието на СФМ закажано како редовно за да се превенира незаконитоста во изборот на ново раководство

февруари 26, 2021
А1 со нова атрактивна понуда: Со А1 Combo попуст од 20.000 денари за смартфон или смарт телевизор

А1 со нова атрактивна понуда: Со А1 Combo попуст од 20.000 денари за смартфон или смарт телевизор

февруари 26, 2021
Намалена добивката на Стопанска банка АД Скопје како резултат на пандемијата од Ковид – 19

Намалена добивката на Стопанска банка АД Скопје како резултат на пандемијата од Ковид – 19

февруари 26, 2021
Македонски Телеком со зголемена добивка и раст во интернет, ТВ и ИКТ сегментот во 2020 година

Македонски Телеком со зголемена добивка и раст во интернет, ТВ и ИКТ сегментот во 2020 година

февруари 26, 2021
Народната банка донесе Одлука за привремено ограничување на распределба и исплата на дивиденда на банките

Народната банка донесе Одлука за привремено ограничување на распределба и исплата на дивиденда на банките

февруари 26, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Летово роаминг исто како дома!

    Летово роаминг исто како дома!

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Гејтс: Aко имате помалку пари од Илон Маск, треба да бидете внимателни со биткоинот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Научниците вознемирени од нов вид на коронавирус, позаразен и посмртоносен

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Народен лек кој ги уништува бактериите во желудникот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ќе удри ли тапан на свадба годинава? Организаторите на свадби денес на протест пред Влада!

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 26.02.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 26.02.2021

февруари 26, 2021
832
Родените на овој датум среќата ги прати во чекор, а животот им ги сервира само најдобрите задоволства
ЗДРАВЈЕ

Родените на овој датум среќата ги прати во чекор, а животот им ги сервира само најдобрите задоволства

февруари 26, 2021
92

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
135

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Статистика: БДП во третиот квартал паднал 3,3 проценти, а во вториот не 12,7 туку историски 14,9 проценти

Статистика: БДП во третиот квартал паднал 3,3 проценти, а во вториот не 12,7 туку историски 14,9 проценти

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани