21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКралицата, како и сите други, ќе застане во ред за вакцинација?

Кралицата, како и сите други, ќе застане во ред за вакцинација?

Британската кралица Елизабета Втора треба да прими вакцина против Ковид – 19 во следните недели, а потоа да обелодени дека го сторила тоа со цел да охрабри што е можно повеќе британци да го сторат истото.

Сигурни извори блиски до кралското семејство тврдат дека кралицата Елизабета Втора (94) и нејзиниот сопруг принцот Филип (99), без посебен третман, ќе стојат во ред со другите британци во првиот бран на вакцинација планиран за граѓани на возраст од 80 и повеќе години, објави порталот “Дејли Меил”.

Кралската двојка се очекува да прифати да се вакцинираат по препораката на нивните лекари, но тоа ќе го сторат и јавно за да ги охрабрат британците да се вакцинираат и да ги игнорираат теориите на заговор за штетноста на вакцинацијата против Ковид-19.

Вакцинацијата со вакцината на Фајзер во Велика Британија треба да започне во вторник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП