6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапре падот на цените во Јапонија

Запре падот на цените во Јапонија

japan

Потрошувачките цени во Јапонија пораснаа во јуни за прв пат по 14 месеци дефлација.

Основниот индекс на потрошувачките цени, во кој не влегуваат цените на храната, во јуни месец порасна за 0.4 процент на годишно ниво, истакна надлежното министерство.

Тоа е најбрз раст на јапонските потрошувачки цени од ноември 2008-та година. Аналитичарите очекуваа раст на потрошувачката цена за 0.3 проценти, по нивната стагнација во мај месец.

Главната причина за растот на цената е поскапувањето на електричната енергија и бензинот, а не на зголемата побарувачка на потрошувачите.

Не сметајќи ги енергентите, не постои нагорен тренд на цените, велат аналитичарите. Дури кога ќе почнат да се зголемуваат платите ќе може да се говори за јасен тренд. А до тоа Јапонија ја чека долг пат.

Премиерот Шинзо Абе и јапонската централна банка спроведоа агресивни мерки во борбата со дефлацијата со која земјата се соочуваше повеќе од една деценија. Централната банка си постави за цел дека за две години ќе ја зголеми годишната стапка на инфлација за два проценти.

Вкупната годишна инфлација во јуни месец достигна 0.2 проценти. Во мај потрошувачките цени паднаа за 0.3 проценти.

Цената на горивото во јуни пораснаа за 5.7 проценти на годишно ниво, телекомуникациите за 1.8 проценти, образованието за 0.5 проценти, облеката за 0.2 проценти.

Мебелот поевтини за 2.4 проценти, храната за 0.9, а домувањето за 0.5 проценти.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП