5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОблачно време со врнежи од дожд

Облачно време со врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни (над 35л/м2), на места поројни, проследени со засилен ветер од југоисточен правец. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, облачно со пообилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во среда, кога ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП