20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија е најнедостапниот пазар за купувачите на прв дом

Швајцарија е најнедостапниот пазар за купувачите на прв дом

Според една студија на британската страница „money.co.uk“, Швајцарија е земја каде влегувањето на пазарот за недвижнини е најтешко.

Во земјата, просечните цени на куќите достигнуваат нешто над 554.000 евра, а вообичаената возраст на купувачите на прв дом е 48 години, според податоците од истражувањето.

На второ место е Кина, следена од Јапонија, Франција и Кенија.

Велика Британија е на шестото место меѓу земјите за најтешко влегување на пазарот за недвижнини, каде просечната возраст на купувачите на прв дом е 34 години, а просечните цени на куќите се близу 281.000 евра.

Најмладите купувачи се во Исланд (27 години), Белгија (27 години) и Финска (28,8 години).

Други земји каде луѓето треба да заштедат долго време за да си дозволат сопствен дом се Чешка (просечна возраст на купувачи на прв дом 41,5 години), Јапонија (41 година) и Шпанија (41 година).

Студијата е спроведена меѓу 25 земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Велика Британија, САД, Италија, Канада, Кина, Јужна Африка, Шпанија, Швајцарија и Романија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП