ПочетнаАВТОБИЗКолку автомобили прават најголемите производители во светот за една минута

Колку автомобили прават најголемите производители во светот за една минута

Речиси 100 милиони нови автомобили се произведуваат годишно во светот.

Индивидуално, Кина е убедливо најголемиот производител на автомобили на планетата, со околу 25,7 милиони произведени возила годишно, пишува сајтот „MoneyShake.com“.

48,9 автомобили се произведуваат во оваа земја секоја минута. Тоа е повеќе отколку во следните три земји заедно – САД (20,7), Јапонија (18,4) и Германија (8,9).

Кога станува збор за автомобилските компании, повеќето возила се произведуваат за една минута во погоните на „Toyotа“ (19,9), а потоа и во фабриките на групацијата „Volkswagen“ (19,8).

На третото место е јужнокорејската автомобилска групација „Hyundai“, со 13,7 автомобили произведени во минута. Четврти е „General Motors“ (13) и петти е „Ford“ (12,2).

Следува „Nissan“ (11), кој е рангиран одделно на оваа листа, иако е дел од групацијата со француската компанија „Renault“, по што следуваат „Honda“ (10), „FCA“ (8,8), „Renault“ (7,9) и „PSA“ (6,9).

Ако ги додадеме перформансите на „Nissan“ и „Renault“, нивната група би произведувала 18,9 автомобили секоја минута и би била на третото место на оваа листа, веднаш зад „Toyotа“ и „Volkswagen“.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП