23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто треба да јадете ф'стаци?

Зошто треба да јадете ф’стаци?

Овие мали и зелени плодови се моќен сојузник во забрзување на метаболизмот, голем непријател на лошиот холестерол и значителен помошник при забавување на стареењето.

На листата на најздрави намирници најчесто го пронаоѓаме токму јаткастото овошје од кое се најпопуларни оревите и бадемите, при што нивниот „роднина“, ф’стакот, е неправедно занемарен.

Ф’стаците во себе кријат огромни предности за нашето здравје поради кои тие заслужуваат важно место во секојдневната исхрана.

1. Консумирањето на ф’стаци за само неколку дена го намалува лошиот холестерол до 20 проценти, за што е одговорно токму големото количество на антиоксидансот лутеин, со кој овој плод изобилува. Всушност, антиоксидансите го спречуваат продирањето на холестеролот до крвните садови и ги спречуваат воспаленијата.

2. Ф’стаците се одличен извор на влакна. Во само 100 грама се наоѓаат 10,3 грама диетални влакна кои се пресудни во забрзувањето на метаболизмот и олеснувањето на проблемите со варењето.

3. Тие се одличен регулатор на шеќерот во крвта. Една шоља ф’стаци содржи дури 60 проценти од препорачаната дневна доза фосфор. Освен што овој минерал ги разствара протеините во аминокиселини, фосфорот исто така ја подобрува и толеранцијата на глукоза.

4. Дека ф’стаците ја зголемуваат сексуалната моќ кај мажите покажа и една студија во текот на која е докажано дека секојдневното консумирање на ф’стаци ја зголемува сексуалната моќ кај мажите за дури 51 процент за што се одговорни есенцијалните масни киселини. Тие помагаат при производство на сексуални хормони и го зголемуваат дотокот на крв во гениталиите.

5. Ф’стаците се рекордер помеѓу јаткастите плодови според големото количество на антиоксиданси кои се клучни за обновување на телото и поради кои тие се нарекуваат уште и природен ботокс. Пет до десет ф’стаци дневно се препорачуваат како одличен сојузник во борбата против брчките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП