20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volvo“ целосно електричен за 10 години?

„Volvo“ целосно електричен за 10 години?

Последниот нов модел што ќе има „SUS“ мотори ќе биде следната генерација „XC90“ – после тоа само на електрична енергија.

„Volvo“ е една од компаниите во автомобилската индустрија која електрифицира со голема брзина. Најновиот модел на шведската марка што ќе користи мотор со внатрешно согорување е веројатно следната генерација на теренецот „XC90“, и тоа од 2030-та година.

„Volvo“ сака да испорача само автомобили со нулта емисија, соопшти компанијата.

Производителот на автомобили во сопственост на кинеската компанија „Geely“ ќе има три цели во следната деценија.

Првата – дека 20 проценти од светската продажба се електрифицирани автомобили (хибриди и електрични), треба да се реализира оваа година.

Потоа, во 2025-та година, „Volvo“ сака целосно електричните автомобили да учествуваат со 50% од продажбата, а до 2030-та година, треба да се продаваат само електричните возила.

„Би бил изненаден ако не снабдуваме само електрични автомобили од 2030-та година“, изјави неодамна директорот на компанијата Хокан Самуелсон.

Тој смета дека строгите рокови за ставање крај на продажбата на бензински и дизел возила се оние што ќе влијаат на клиентите побрзо да преминат на електрични автомобили, а не на финансиски стимулации за „зелените возила“.

„Треба да имаме јасни правила кога да ги оставиме моторите со внатрешно согорување“, додаде Самуелсон.

„Откако ќе сфатите дека бензинските и дизел моторите навистина не се дел од иднината, прилично е лесно да се види дека треба брзо да се свртите кон електричните возила“, вели тој.

Во едно интервју претходно оваа година, Самуелсон рече дека сака „Volvo“ целосно да се префрли на електрична енергија пред владите на земјите да го направат тоа задолжително.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП