25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоларот продолжува да слабее во однос на неговите конкуренти

Доларот продолжува да слабее во однос на неговите конкуренти

Доларот стабилно се движи кон дното во рангирањето на меѓународните валути во декември.

Еврото, австралискиот и канадскиот долар, како и корејскиот вон, ги забележаа своите највисоки вредности во однос на американската валута најмалку две години во последната недела. Швајцарскиот франк има најсилен учинок од 2015-та година.

Британската фунта исто така ужива силни вредности, откако достигна едногодишен пик, без оглед на неизвесноста околу преговорите за „Брегзит“. А, амортизацијата на доларот може само да започне.

Со зголемениот оптимизам во врска со преговорите за нов пакет стимулации во САД, надежите за успешна вакцина против коронавирусот и економско закрепнување во Кина, побарувачката за светска резервна валута се намалува.

Некои експерти од „Волстрит“ дури предупредуваат дека може да дојде до лош циклус на доларот, додека Федералните резерви на САД продолжуваат да ги задржуваат каматните стапки со години.

„Примената на вакцината без проблеми може скоро да ги промени правилата на игра, бидејќи може да го забрза закрепнувањето на растот и да ги потврди слабите перформанси на доларот“, изјави Кристофер Вон, постар стратег за валути во „Malayan Banking Bhd“.

Доларот се намали во однос на неговите водечки конкуренти во седум од изминатите 11 месеци од оваа година, покажуваат податоците од индексот на доларот на „Блумберг“. Валутата исто така се намали за скоро 8% во однос на швајцарскиот франк и за 4% во однос на јапонскиот јен во 2020-та година, – две други традиционални валути за азил, потенцирајќи ги ефектите од невидениот стимул на ФЕД.

Гувернерот на американските федерални резерви Џером Пауел во средата изјави дека Банката на федерални резерви (ФЕД) ќе ги задржи ниските каматни стапки додека економијата не стави до знаење дека пандемијата е „завршена“. За време на глобалната финансиска криза, кога ФЕД примени квантитативно олеснување, доларот помина низ сличен пад.

Еве неколку клучни нивоа достигнати оваа недела:

Еврото ја помина психолошката граница од 1,2 долари. Валутата достигна цена од 1,2139 американски долари во четвртокот, што е нејзина најдобра изведба од април 2018-та година.

Канадскиот долар достигна цена од 1,2907 канадскиот долари за еден американски долар – негова најсилна изведба од октомври 2018-та година.

Австралискиот долар за возврат се искачи на 74,37 американски центи, што е рекорден учинок во последните повеќе од две години.

Корејскиот вон кој е чувствителен на ризик се искачи на 1.096,13 вони за долар – најдобра изведба од јуни 2018-та година, откако го премина прагот од 1.100 вони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП