16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДиректорот на Фајзер: До крајот на 2021 година ќе има повеќе вакцини...

Директорот на Фајзер: До крајот на 2021 година ќе има повеќе вакцини отколку што е потребно

Правиме се што можеме за да го зголемиме производниот капацитет, вели извршниот директор на американската фармацевтска компанија Алберт Бурла.

Алберт Бурла, извршен директор на “Фајзер”, во средата изјави дека е убеден дека до крајот на 2021 година ќе има повеќе дози на вакцини за коронавирус отколку што се потребни за борба против пандемијата.

“Убеден сум дека до крајот на 2021 година ќе имаме повеќе дози на вакцини отколку што ни требаат. Правиме се што можеме за да го зголемиме производствениот капацитет, но проблемот е што треба да ги зголемиме во следните неколку месеци”, рече тој на онлајн конференција.

Бурла рече дека во меѓувреме, владите треба да осигурат дека другите мерки не се олабавени.

„Важно е да ја користиме вакцината како едно средство“, рече тој, додавајќи дека нема сомнение дека ќе биде најефикасна, со најголем траен ефект.

„Времето кога можеме да се вратиме во нормала не е далеку, но дефинитивно не е сега“, рече тој.

“Фајзер” минатиот месец објави дека нејзината вакцина е ефикасна околу 95 проценти.

Велика Британија стана првата земја во светот која ја одобри употребата на вакцина против коронавирус од Pfizer и BioNTech.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП