30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKомерцбанк ја продава Депотбанк

Kомерцбанк ја продава Депотбанк

comm1

Втората по големина германска банка „Комерцбанк“ ќе ја продаде својата инвестициона филијала „Депотбанк“, вредна 93 милијарди евра на француската банка „BNP Paribа”.

Од „Комерцбанк“ несакаа да ја откријат вредноста на договорот за продажба на филијалата која во април месец управуваше со средства вредни 122 милијарди долари.

„Депотбанк“ на инвестициските компании и фондови им нуди услуги како што се трансакции и управување со средствата, а во неа работат 80 луѓе.

„Сите вработени во филијалата на „Комерцбанк“ имаат можност да преминат во „BNP Pariba“, истакнаа од германската банка притоа додавајќи дека за финализирање на трансакцијата се чека одобрение од надлежните органи.

„За „Комерцбанк“ оваа продажба е последица на стратешкото реорганизирање на банката. Услугите на „Депотбанк“ за инвестиционите компании не се повеќе дел од нашето основно работење“, рече оперативниот директор на банката, Франк Анушајт.

„Комерцбанк“ во текот на финансиската криза доби државна помош во 2008-та, па потоа  и во 2009-та со вкупна вредност од 16.4 милијарди евра. За три месеци заклучно со март, групацијата евидентираше нето загуба од 94 милиони евра, поради големите трошоци за реструктурата. „Комерцбанк“ минатиот месец со претставниците на вработените постигна договор за отпуштање на 5.000 работници во наредните три години.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП