„Ford“ ја претстави најбрзата и најмоќната верзија на својот електричен кросовер „Mustang Mach-E GT“, која се нарекува „Performance Edition“. Таа е опремена со надграден мотор, благодарение на што неговата динамика е близу до онаа на бензинските суперавтомобили.
„Ford Mustang Mach-E GT Performance Edition“ се напојува со електрични мотори кои развиваат исти 480 ks што ги постигнува стандардната верзија „GT“. Сепак, вртежниот момент се зголемува од 814 на 860 Nm, што овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за околу 3,5 секунди. Ова е за 0,2 секунди побрзо од верзијата „GT“. За споредба, новата генерација на суперавтомобилот „Ford Mustang Shelby GT500“ го прави истото за 3,3 секунди.



