26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВакцината на Фајзер создава силен имунитет: Познато е за колку кратко време!

Вакцината на Фајзер создава силен имунитет: Познато е за колку кратко време!

Се примаат две дози во период од 21 ден, а имунитетот е целосно направен за само 7 дена по втората доза.

Вакцината за коронавирус на Фајзер, која е официјално регистрирана за употреба во Велика Британија денес, обезбедува имунитет на Ковид 19 седум дена по втората доза, според зборовите на британските експерти.

Професорот Сер Мунир Пиромохамед на прес-конференцијата рече дека се потребни две дози од вакцината Фајзер, со разлика од 21 ден, а делумниот имунитет се создава по првата доза. Сепак, најсилниот имунитет се стекнува само седум дена по втората доза на вакцината.

Велика Британија одобри употреба на вакцини од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, а тие ќе можат да се користат веќе следната недела, објави Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП