28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДесетте најскапи градови во светот

Десетте најскапи градови во светот

moskva

Најскап град за живот за странците е главниот град на Ангола, Луанда во кој странски весник чини повеќе од 5 долари, кафе е 4 долари, а пак фармерки може да се купат и до 200 долари. Зад Луанда најскап град е Москва, а зад нив е Токио.

Во Луанда која се најде на чело на листата живеат голем број на странци поради изобилството на нафта во таа земја. Во оваа африканска држава изнајмување на луксузен стан чини 6.500 долари, а поради тоа што се дефицитарни, странските весници чинат 5.42 долари.

Во второпласираниот град, Москва, месечна кирија за луксузен апартман е 4.600 долари, додека меѓународните весници се 9.95 долари, а пак кафе во ресторан чини 8.29 долари. Единствена работа која во Москва е релативно евтина е горивото, но не и такси превозот.

Во Токио кој е трет на ранг листата, месечната станарина за апартман изнесува 4.513 долари, странските весници се движат околу 5.37 долари, а пак „филџан“ кафе чини 6.98 долари.

Во Чад, односно во Н`Џајмени месечната кирија за луксузен стан е 2.245 долари, а за купување на странски весник треба да се одвојат 6.94 долари, додека за „шоља“ кафе треба да се даде 3.06 долари. Цената на гориво во оваа земја изнесува 0.98 долари, но за обичен сендвич на улица може да платите и до 25 долари.

Месечната станарина во Сингапур за луксузен стан изнесува 3.795 долари, цената на меѓународните весници е 3.63 долари, а пак за да се напиете кафе треба да платите 4.84 долари. Сингапур има најголем приход по глава на жител, 51.709 долари, но поради големата инфлација во минатото и даноците, граѓаните и натаму плаќаат висока цена на услуги и добра.

Во Хонг Конг за изнајмување на луксузен стан потребно е месечно да се одвојат 7.092 долари, за странски весници 3.87 долари, за филџан кафе 5.67 долари, a за гориво 2.23 долари по литар.

Во Женева која е на седмата позиција, месечната станарина изнесува 4.350 долари, странските весници се 4.35 долари, една „шоља“ кафе чини 6.52 dolara, а за еден литар гориво треба да се одвојат 2,02 долари. Картата за кино во тој град се движи до 18.50 долари, а обичен хамбургер може да се купи за 12.20 долари.

Во осмопласираниот Цирих месечното изнајмување на луксузен стан изнесува 3.915 долари, странските весници може да се купат за 2.35 долари, кафето чини 5.98 долари, горивото 2.02 долари, а за сендвич може да се одвои и до 30.45 долари.

Подстанар во Берн плаќа лукузен стан за 3.915 долари, странски весници за 2.35 dolara, „шоља“ кафе чини 5.98 долари, а пак горивото е 2.02 долари.

Во Сиднеј месечната станарина изнесува 2.551 долари, странските весници чинат 6.20 долари, филџан кафе е 5.16 долари, горивото е 1.51 долар, хамбургер и газиран сок чинат до девет долари, додека пак две карти за кино чинат 40 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП