27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска има најбрз раст на е-трговијата во ЕУ

Хрватска има најбрз раст на е-трговијата во ЕУ

eBay_3C_--621x414

Хрватска има најбрз раст на електронска трговија во ЕУ, а од друга страна, потрошачите сметаат дека се меѓу најмалку заштитените и дека тие не се доволно информирани за нивните права.

Прегледот на потрошувачки барања кој го објави Европската комисија покажува дека процентот на интернет потрошувачи во Хрватска е сеуште доста низок и изнесува 23%, додека просекот во ЕУ е 45%.

Од друга страна,пак, Хрватска има најбрз раст на електронска трговија, бидејки во 2008 година изнесувала 8%, а во 2010 година 14%.

Според индексот кој зборува за задоволството на потрошувачите и својата позиција на пазарот, Хрватска е на дното на скалата со 50 бодови, а само позади неа е Кипар со 49 поени и Грција со 47 поени.

Најмногу поени, 73, имаат Финска и Велика Британија, земји во кои потрошувачите се сметаат за најзаштитени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП