27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо облачно време со сончеви периоди

Променливо облачно време со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди.

Ќе дува умерен, по должината на Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 7 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП