21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон до бизнисот: Време е за последна подготовка за живот надвор од...

Лондон до бизнисот: Време е за последна подготовка за живот надвор од ЕУ

Британската влада ги повика деловните субјекти да започнат со последните подготовки за нови трговски односи со Европската унија на 1-ви јануари. Според Лондон, создавањето на нов центар за следење на стоки ќе помогне во „краткотрајната тешкотија“ на трговијата по „Брегзит“, објави „Reuters“.

Само еден месец пред крајот на преодниот рок по напуштањето на блокот, владата ги потсети извозниците и увозниците дека со или без трговски договор, тие мора да бидат подготвени за нова гранична документација и процедури.

Многу бизниси веќе предупредија дека им е тешко да се подготват при недостаток на јасни мерки во врска со идните односи. Брисел и Лондон сè уште се обидуваат да преговараат за трговски договор, но се попречени од големи разлики за прашања, како што се риболовот и државната помош.

Во соопштението, владата рече дека се формира нов Центар за гранични операции за собирање информации за протокот на стоки и луѓе.

„Промените во начинот на трговија со Европа веројатно ќе значат дека има краткорочна потешкотија на границата“, рекоа властите.

Британскиот министер за бизнис и енергија, Алок Шарма, претходно изјави дека им пишал на скоро 5 милиони британски компании за да ги формулираат „приоритетните активности што треба да ги преземат“.

Според критичарите на владата, тоа го става товарот врз справувањето со новиот царински режим на рамениците на деловните субјекти, наместо да обезбеди средства за справување со претстојниот хаос на границата, дури и со договор со ЕУ.

Меѓутоа, ако такво не е договорено, тоа ќе значи повисоки цени и евентуално недостиг на производи. Според Државниот завод за буџетска одговорност, кој ги анализира британските јавни финансии, „Брегзит“ ќе избрише дополнителни 2% од британското економско производство без договор.

Во понеделникот, ЕУ и Велика Британија се предупредија едни со други дека истекува времето за преговори за договор.

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој исто така треба да се справи со тешките последици од пандемијата на коронавирусот, предупреди дека е подобро да се преговара за договор, но и без него, неговата земја ќе напредува.

Наспроти ова, германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека некои земји-членки на ЕУ почнуваат да го губат трпението.

„Не ни треба договор по секоја цена и јасно ставивме до знаење … Договорот е во интерес на сите“, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП