среда, јануари 27, 2021
1 °c
Skopje
0 ° сре
0 ° чет
5 ° пет
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,683.93 0.43%    BESK 6,100.00 0%    GRNT 1,169.52 0.04%    KMB 7,639.98 0.2%    OILK 6,000.00 0%    SBT 2,850.00 -1.66%    STB 1,171.75 0.14%    STIL 60.00 -1.51%    TEL 328.00 2.19%    TETE 1,900.00 0%    TNB 18,500.00 -1.6%    
Почетна ЕКОНОМИЈА МАКЕДОНИЈА

5 заклучоци од Третата годишна конференција за е-трговија

декември 1, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА
A A
5 заклучоци од Третата годишна конференција за е-трговија
62
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Под мотото „Е-трговија и Ковид-19: Предизвици и можности!” на 25-ти и 26-ти ноември, се одржа Третата годишна конференција за е-трговија на која присуствуваа повеќе од 340 учесници од преку 100 компании, организации, владини институции и образовни установи.

Конференцијата, во своето премиерно онлајн издание, се состоеше од богата дводневна програма во која учество земаа 35 еминентни говорници кои доаѓаат од 13 земји од светот. Говорниците го пренесоа своето искуство и знаење преку клучни презентации, панел дискусии и неформални разговори, на различни теми поврзани со онлајн продажба, ставајќи го во фокус влијанието на пандемијата врз растот на е-трговијата.

Овогодишната конференција започна со презентација на резултатите од сеопфатниот извештај на АЕТМ, презентиран преку ексклузивно истражување спроведено на е-трговците и е-купувачите во нашата земја, како и споредба на добиените резултати во однос на земјите од Европска Унија. На презентацијата беа прикажани клучни заклучоци и беа презентирани и дополнителни препораки за раст и развој на е-трговијата.

На конференцијата, говорниците го потврдија потенцијалот на е-трговијата, како и можностите кои произлегоа за е-трговците и покрај предизвиците кои со себе ги донесе глобалната пандемијата. Се опфатија  теми како, на пример,  колку се користи потенцијалот на е – трговијата од страна на македонските е – трговци;  преземањето на екстра чекори од страна на компаниите за достава; значењето и начините за зголемување на онлајн безбедноста и заштитата на потрошувачите; отклучување на потенцијалот на е – трговијата во Западен Балкан, како и за инклузивна дигитална економија преку претставување на инспиративните приказни на жените амбасадори за е – трговија на УНКТАД коишто споделија нивни  искуства и предизвици.

Еден од заклучоците од годинашната конференција е фактот што е-трговијата и понатаму бележи континуиран раст во нашата држава, но ниското ниво на дигитални вештини го успорува дополнителниот развој на е – трговијата.

Дополнително, било заклучено дека дигиталната комуникациска стратегија на брендовите мора да се адаптира во време на криза, исто како што е значајно да се адаптираат начинот на работење, на продажба, на производство, е-трговците треба да го прилагодат и начинот на комуникација односно да го адаптираат тонот и пораките кон јавноста согласно фазите во кризата.

Од АЕТМ велат дека онлајн безбедноста и заштитата на потрошувачите се клучни за раст – со што се покажува дека работата на е-трговците е директно контролирана од меѓународните картични организации и може да се смета за сигурна и безбедна.

Важен заклучок од Третата годишна конференција за е-трговија е потребата да се вложува во подобрување на корисничкото искуство – главниот фокус на е-трговците треба да е грижата за корисниците, односно креирањето на позитивни искуства и навики за е-купувачите за повторно купување преку интернет.

Финално, важно е да се потенцира дека има огромен потенцијал за меѓугранична е-трговија во земјите од Западен Балкан. Решението за „отклучување” на потенцијалот на меѓуграничната продажба на територијата на Западен Балкан го гледаат во заеднички пристап, креирање на регионални партнерства, поинтензивна соработка, споделување на експертиза и стекнати искуства со локалните тимови. 

Тагови: е-трговијаконференцијапредизвици
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Првите вакцини против коронавирус во САД ќе стигнат пред Божиќ

Следна Објава

Британскиот театар воведе платен стриминг-сервис за снимени претстави

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

Нереална сцена: Мечка бркаше скијач, луѓето на жичарницата врескаа(ВИДЕО)
АВТОБИЗ

Нереална сцена: Мечка бркаше скијач, луѓето на жичарницата врескаа(ВИДЕО)

јануари 27, 2021
104

Несреќниот млад човек се обиде да забрза, но мечката продолжи да трча по него. Минатиот викенд, многу љубители на скијањето...

Прочитај повеќе
Бил Гејтс: Испораката на вакцини во сиромашните земји ќе доцнат за 6 до 8 месеци
ЕКОНОМИЈА

Бил Гејтс: Испораката на вакцини во сиромашните земји ќе доцнат за 6 до 8 месеци

јануари 27, 2021
58

Посиромашните земји, во најдобар случај ќе доцнат од 6 до 8 месеци во набавката на вакцини против Ковид-19 во споредба...

Прочитај повеќе
Протоколи за работи и континуирана финансиска поддршка за спас на угостителството
ЕКОНОМИЈА

Протоколи за работи и континуирана финансиска поддршка за спас на угостителството

јануари 27, 2021
14

Финансиската помош која се обезбедува за поддршка на реалниот сектор да има континуитет, како и да се обезбедат протоколи за...

Прочитај повеќе
Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење
ЗДРАВЈЕ

Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

јануари 27, 2021
60

Идеалот за мазна, кристално чиста кожа без акни, пори или брчки постои откако постои човекот. Споредбата со кристалот потекнува од...

Прочитај повеќе
Новиот бран нефункционални кредити ја загрижува ЕЦБ
ЕКОНОМИЈА

Новиот бран нефункционални кредити ја загрижува ЕЦБ

јануари 27, 2021
38

Европската централна банка ја засилува контролата врз кредитниот ризик врз банките на континентот за да го испита нивното ниво на...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нереална сцена: Мечка бркаше скијач, луѓето на жичарницата врескаа(ВИДЕО)

Нереална сцена: Мечка бркаше скијач, луѓето на жичарницата врескаа(ВИДЕО)

јануари 27, 2021
Бил Гејтс: Испораката на вакцини во сиромашните земји ќе доцнат за 6 до 8 месеци

Бил Гејтс: Испораката на вакцини во сиромашните земји ќе доцнат за 6 до 8 месеци

јануари 27, 2021
Протоколи за работи и континуирана финансиска поддршка за спас на угостителството

Протоколи за работи и континуирана финансиска поддршка за спас на угостителството

јануари 27, 2021
Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

Eucerin Hyaluron-Filler Серум за намалување на порите: За кристално сјајна кожа и по првите знаци на стареење

јануари 27, 2021
Новиот бран нефункционални кредити ја загрижува ЕЦБ

Новиот бран нефункционални кредити ја загрижува ЕЦБ

јануари 27, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Од 1ви февруари укинати царини за кожа, текстил, механички уреди, генератори, трансформатори

    Од 1ви февруари укинати царини за кожа, текстил, механички уреди, генератори, трансформатори

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Откриено колку чини замена на батеријата на Tesla Model 3: Врзете се, од цифрата може да ви се заврти во глава

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • 28.573 граѓани чуваат 2,2 милијарди евра во банка – на книшки „потешки“ од 30.000 евра

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Построги правила за влез во Германија: Северна Македонија во категоријата земји со голема инциденца

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Дали некогаш ви „игра“ окото? Што сака да ви каже телото со тоа?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 27.01.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 27.01.2021

јануари 27, 2021
934
Неделен хороскоп 25.01.2021 до 31.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 25.01.2021 до 31.01.2021

јануари 25, 2021
2.9k
Следна Објава
Британскиот театар воведе платен стриминг-сервис за снимени претстави

Британскиот театар воведе платен стриминг-сервис за снимени претстави

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани