19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 работи кои само исклучително креативните луѓе ги разбираат

10 работи кои само исклучително креативните луѓе ги разбираат

Без оглед дали сте сликар, вајар, извршен директор на голема компанија или сопственик на мал бизнис, креативноста е потребна за работата која ја обавувате да не биде статична. Ова се особините кои ги поседуваат креативните лица, а некоја од нив ја поседуваат и обичните луѓе.

1. Тие го проверуваат постоечкиот систем

Исклучително креативните луѓе сакаат да ја проверат ситуацијата. Тие често прашуваат „зошто“ и „зошто не“ и не прифаќаат алтернативни вредности. Може изгледаат како тие да се борат против редот, но тие всушност се обидуваат да ја сфатат смислата на нештата.

2. Нивната креативност е циклична

Има денови кога сликаат по цел ден, или остануваат будни цела ноќ компонирајќи музика. Некои денови пак не прават речиси ништо. Тоа е во ред. Креативноста понекогаш доаѓа во циклуси.

3. Потребен им е нивен простор

Ако се повлечат во својата работна соба да работат, влезете повремено да ги поздравите, но знајте дека им е потребен простор за да го работат тоа што го работат.

4. Тие се фокусирани

Кај исклучително креативните луѓе, кога имаат налет на инспирација, тешко им е да го оттргнат вниманието од тоа што го работат. Сетете се дека треба да останете флексибилни кога станува збор за вашиот распоред.

5. Можат да имаат промена на расположението

Кај уметниците постојано се менуваат радоста и депресијата. Тие се паметни и имаат чувствителна душа. Бидете нивна поддршка.

6. Нивната работа е лична

Тие сфаќаат лично ако нешто не им испадне како што сакале. Секоја критика можат да ја сфатат како потврда или осуда за нивната работа и нивните вредности.

7. Имаат потешкотии да веруваат во себе

Охрабрете ги!

8. Имаат потешкотии да ги завршат проектите

Повторно, охрабрете ги. Исклучително креативните луѓе ја сфаќаат својата работа лично, кажете им колку го сакате тоа што го работат, кажете им дека тоа е прекрасно. И навистина е!

9. Ги разоткриваат лагите

Внимавајте. Креативните луѓе ги поврзуваат работите побрзо од другите луѓе. Тие собираат колку е 2+2 побрзо од другите.

10. Тие никогаш нема да пораснат

Креативните луѓе имаат детинесто однесување. Придружете им се понекогаш во тоа. Сигурни сме дека ќе уживате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП