20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс предупредува: Мора да бидеме подготвени за нова пандемија

Бил Гејтс предупредува: Мора да бидеме подготвени за нова пандемија

Основачот на „Мајкрософт“ претходно го предупреди светот дека може да се случи ваква пандемија и сега ја истакна својата визија за светот по ерата на Ковид-19.

Гејтс верува дека би можеле да имаме друга глобална пандемија.

“Да, но се надевам за 20 години. Но, мора да бидеме подготвени за нова пандемија и по три години”, рече Гејтс.

„Постои разумна веројатност светот да се соочи со нешто слично во следните 10 или 15 години“, додаде тој.

Иако во последните недели бевме сведоци на вести за откривање на неколку кандидати за вакцина против корона, Гејтс верува дека елиминацијата на вирусот нема да доведе до враќање на животот каков што беше пред пандемијата.

Гејтс тврди дека работните навики се променија засекогаш откако многу луѓе во оваа пандемија искусија да работат од дома.

“Мислам дека повеќе од 50 проценти од службените патувања и над 30 проценти од деновите поминати во канцеларијата ќе исчезнат. Ќе продолжиме да одиме во канцеларии и на службени патувања, но во многу помала мера”, рече Гејтс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП