26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија го одобри четвртиот стимулативен пакет од 8 милијарди евра

Италија го одобри четвртиот стимулативен пакет од 8 милијарди евра

Италијанската влада го одобри четвртиот пакет на стимулации за поддршка на деловните субјекти кои продолжуваат да страдаат од најновите ограничувачки мерки воведени во земјата за контрола на пандемијата предизвикана од Ковид-19, објави „Bloomberg“.

Пакетот вреди 8 милијарди евра, според владиното соопштение издадено претходно денес. Новите мерки дополнително го продолжуваат периодот на одложување на данокот за компаниите и обезбедувањето пари за туристичките и уметничките работници кои се најмногу погодени од коронавирусот.

Третата по големина економија во еврозоната продолжува да страда од штетите предизвикани од пандемијата. Оптоварена со еден од најголемите долгови во светот, Италија во голема мера се потпира на поддршката на Европската централна банка (ЕЦБ) за трговија со државни обврзници. Финансискиот регулатор веќе неколку месеци го купуваше долгот на Италија со идеја да го намали товарот врз финансиите на земјата.

Овој месец, италијанскиот парламент го поддржа барањето на Владата за зголемување на буџетскиот дефицит на земјата за 8 милијарди евра за финансирање дополнителни мерки за поддршка на јавноста и бизнисот.

„Bloomberg Economics“ проценува дека италијанската економија ќе се намали за 1,8% во последните три месеци од годинава доколку не се променат сегашните граници.

Премиерот Џeузепе Конте ги одобри државните стимулации во вредност од 100 милијарди евра за време на првиот бран на пандемијата во пролетта. Сите дополнителни расходи ќе го зголемат државниот долг на над 160% од бруто домашниот производ (БДП) до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП