28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ги предупредува земјите од еврозоната на сериозни проблеми

ММФ ги предупредува земјите од еврозоната на сериозни проблеми

euro-coin-ap_2080762b

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги предупредува 17 земји од еврозоната дека можат да се соочат со сериозни проблеми, доколку не сторат повеќе за да го поттикнат економскиот раст.

ММФ наведува дека земјите кои како валута го користат еврото оствариле напредок на полето на поттикнување доверба во долгорочниот опстанок на монетарната унија.

Заздравувањето, меѓутоа, и натаму е слабо, поради тензиите на финансиските пазари, високите трошоци на задолжување на малите претпријатија во време на економска слабост, како и поради колебање на потрошувачите да трошат, додава Фондот.

Се прогнозира дека економијата на еврозоната оваа година ќе потоне за 0,6 отсто, а ММФ предупредува дека дополнителните негативни трошоци можат сериозно да го загрозат економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП