25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките граници остануваат затворени до 14 декември

Грчките граници остануваат затворени до 14 декември

Грција ја продолжи забраната за влез на државјани на трети земји до 14 декември поради пандемијата на коронавирус, пренесе МИА.

Одлуката на грчката влада да им забрани на граѓаните на трети земји, освен земјите од ЕУ и шенген-зоната, да влезат во Грција со цел да се намали ширењето на коронавирус е продолжена до 14 декември.

За туристите и странските државјани за кои нема забрана, влезот на грчка територија е овозможен само преку Бугарија, односно преку грчко-бугарскиот премин Промахонас-Кулата, со негативен тест на Ковид-19 не постар од 72 часа.

Другите гранични премини, како што се Какавија со Албанија, Евзони со Македонија и Кипија со Турција, остануваат отворени само за одредена категорија и исто така со негативен ПЦР-тест.

Забраната не се однесува на грчки граѓани, лица кои имаат дозвола за престој во Грција, лица кои живеат во Грција, влез на лица од неопходни професионални или медицински причини кои имаат посебни документи, како и камиони и транзит на болнички возила од територијата на Косово кои влегуваат во Грција преку нашата земја поради хоспитализација на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот и административниот персонал на земјите членки на ЕУ и ЕУЛЕКС на Косово.

Според МИА, оваа одлука е објавена во „Службен весник на Грција“ и ќе стапи на сила вечерва на полноќ, а станува збор за одлука што претставува продолжување на претходната одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП