• Вовед во Собранието-Модератор-Емилија Мицева-Уни-Банка,Скопје, • Поздравен Говор-Г-ѓа Анита Ангеловска-Бежоска-Гувернер на Народната Банка на Република Северна Македонија, • Поздравен Говор-Г-ѓа Маја Стевкова-Штериева-Претседател на Македонската Банкарска Асоцијација, • Извештај за работата и идни планови на Здружението-Г-дин Бојан Цветановски- НЛБ Банка,Скопје-Претседател на Здружението АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари, • ИСДА мастер договор имплементација и тековен развој-Г-дин Ѕвонко Станковски-Директор на Трежри во Уни-Банка,Скопје-Координатор на ИСДА проектот во АЦИ Македонија, • СКИБОР ретроспектива и движења-Г-дин Сашо Радевски-Заменик Директор во Сектор за средства и ликвидност во Стопанска Банка,Скопје-член на СКИБОР одборот за избор и следење на референтни банки од АЦИ Македонија, • Измена на Статутот на Здружението-дискусија и гласање, • Избор на член на Надзорен Одбор на Здружението-гласање • Усвојување на Завршната сметка за 2019 година на Здружението.
На Собранието се обрати Гувернерката на Народната Банка на Република Северна Македонија, Г-ѓа Анита Ангеловска-Бежоска со поздравен говор и анализа на движењата на меѓународниот и домашниот финансиски пазар во оваа година.
Г-ѓа Маја Стевкова-Штериева, Претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација ги поздрави присутните со обраќање за значењето на АЦИ Македонија во афирмацијата на професијата девизен трговец и квалитативниот развој низ годините.
Г-дин Бојан Цветановски-НЛБ Банка,Скопје-Претседател на Здружението АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари
На Собранието беше потврдена ориентацијата на Здружението како и во претходните две децении за едукација и позитивна пракса кај тргувањето со валути на меѓународните пазари. Како натамошна сфера на развој беа посочени инструментите за валутен хеџинг со пософистициран дизајн но поедноставни и подостапни за клиентите.
Г-дин Бранко Петровиќ , Претседател на АЦИ Србија и Втор Претседател на Европскиот АЦИ-ФМА
На Собранието се обрати и Г-дин Бранко Петровиќ , Претседател на АЦИ Србија и Втор Претседател на Европскиот АЦИ-ФМА во однос на идните насоки на движењата кај финансиските пазари во регионот и заедничките проекти на Здруженијата во регионот.
За нов член на здружението беше избрана г-ѓа Наташа Трајкова од Стопанска банка Битола.
Г-дин Сашо Радевски-Заменик Директор во Сектор за средства и ликвидност во Стопанска Банка,Скопје-член на СКИБОР одборот на АЦИ МакедонијаГ-дин Ѕвонко Станковски-Директор на Трежри во Уни-Банка,Скопје-Координатор на ИСДА проектот во АЦИ Македонија