6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Атина – Руските железници работат на планот преку партнерство со Франција железниците да се борат со кинескиот гигант Коско, кого го сметаат за најголем конкурент на тендерот за приватизација на грчката железница. Се верува дека е договорено дека француско-рускиот аранжман исто така може да вклучи и грчка компанија како што е конзорциумот Копелузос. Според руската новинска агенција Прима самиот Копелузос изјавил дека дал понуда за соработка со Руски железници, посебно за воведување на вкупната понуда за тендер за приватизација на железничкиот оператор. Меѓутоа, Конзорциумот одбива да ја потврди оваа вест, вели весникот Катимерини.

Загреб – Винаријата Визба од градот Валандово на југот на Македонија, во сопственост на Рото Групација од Загреб која е дел од Агрокор, ја изгуби лиценцата за откуп на овогодишното грозје поради неплатениот долг кон лозарите.

Белград – Компанијата Енергопроект Високоградба договори во Русија работа вредна 9,6 милиони евра за опрема на станови. Енергопроект Високоградба и руската компанија Промишлено-бутовое Строителство, која е генерален изведувач на работите, склучија договор за изведба на градежно-занатски и инсталациски работи на објекти на станбени згради во Сиктивкар. Рокот за реализазија на проектот е 18 месеци. Во почетокот на месецот Енергопроект Нискоградба и Управата за цивилна авијација, Ентеббе од Уганда, склучија договор за изведба на работи на поправка и реновирање на аеродромската писта во градот Гулу во северниот дел на Уганда. Договорената вредност на работите ќе изнесува 3,8 милиони долари. Рокот за реализација на проектот е три месеци. И едната и другата компанија се дел од Енергопроект Холдинг, една од најголемите градежни компании во Србија, а државата Србија е најголем поединечен сопственик на акции со удел од 33,58 отсто.

Белград – Делегација на водечката светска инвестициска банка Голдман Сакс ќе престојува во дводневна посета на Србија, каде со претставниците на Владата на Србија ќе разговара за проекти кои Србија ги нуди и за можностите за инвестирање, соопшти Министерството за енергетика. Претставниците на оваа инвестициска банка претходно, во почетокот на јули иницираа средба со министерката за енергетика Зорана Михајловиќ интересирајќи се за проекти од подрачјето на енергетиката и заштитата на животната средина. Делегацијата на Голдман Сакс ќе го посети и Рударско-топилничкиот басен Бор, а една од главните теми на разговорите ќе биде основање на обавезни резерви на нафтени деривати во Србија, како и можна докапитализација на компанијата РТБ Бор. Покрај тоа, ќе стане збор и за можностите за соработка во подрачјето на финансирање на производството, извозот и увозот на житарици, шеќер и метал.

Подгорица – Владата е подготвена да разгледа учество во изградба на жичница од Котор до Цетиње, која со години се најавува, соопшти Министерството за финансии. На состанокот на оперативниот тим задолжен за реализација на тој проект се разгледувале шест можни сценарија за финансирање на изградбата на жичарата и враќање на инвестираните средства, кои ги претстави италијанската консултантска компанија ДБА Груп. Министерот за финансии Радоје Жугиќ рече дека Владата ја разгледува таа опција, бидејќи очекува дека тој проект освен бројните директни, има и цела низа индиректна корист за приходите на локално и државно ниво.

Загреб – На седница на владата меѓу другото на дневен ред беше одлука за продажба на ХЖ Царга како и за гаранциите за уште две компании ќерки на ХЖ. На ХЖ инфраструктура и Патнички превоз дадена е согласност за задолжување за да се подобри инфраструктурата и модернизацијата на железницата. Владата ја прифати одлуката за продажба на 75 отсто удел во ХЖ Царга на романската Феровиар Роман груп. Тоа беше најавено на седница на Комисијата на железници, а од продажбата државата ќе заработи 1,1 милијарда куни. На тендерот стигнаа седум понуди, нјо само една ги задоволи сите 11 точки. – Само една понуда беше понудена и добра, т.е. ги задоволи условите. Тоа е романската компанија Феровиар – наведе министерот Синиша Хајдаш Дончиќ.

Љубљана – Околу 130 работници на Словенијалес Трговија на чело со поранешниот помошник директор Андреј Журеј подготвени се да ја купат компанијата. Според неофицијални информации би платиле малку повеќе од 3 милиони евра, заедно со надворешен партнер. Кој е тој, Журеј не објавува. Имено, загрижени се уште колку компанијата ќе се намалува, т.е. колку работни места ќе се затворат. Инаку битките внатре во Словенијалес Трговија се се поостри, тврди неофицијален извор. Главно прашање се наводно скриените дупки во имотот на компанијата и со тоа поврзаниот износ на купопродажната цена. Во текот на пролетта Словенијалес Трговија сакаше да ја  купи компанијата Блажиќ, за која беше подготвена да плати околу 4,5 милиони евра со исплата на повеќе рати. Таа одлуика наводно ја одложиле за на есен.

Љубљана – Словенечката НЛБ со 28,2 отсто лоши кредити т.н. НПЛ, е втора најлоша банка меѓу банките кои дадоа податоци. Најлошата банка, мерено според уделот на лошите кредити е Африкан Банк од Јужна Африка со 28,8 отсто лоши кредити, следи НЛБ, трета е национализираната австриска банка Хипо, следат три грчки банки, иранската, НКБМ, дури на девето место е банката на Шпанија и на десето од Ирска. Податоци за лошите кредити открија две третини од илјада банки на скалата. Уредниците истакнуваат дека показателот на лошите кредити се состои од две компоненти: првата е чесност на откривањето, втората е квалитетот на имотот. Поради распад на кипарскиот банкарски систем на пописот ги нема трите кипарски банки, кои не ги предадоа податоците.

Мадрид – Бројот на невработените во Шпанија падна под шест милиони, покажуваат податоците за невработеноста во вториот квартал на годината. Според анкетите на шпанскиот државен завод за статистика ИНЕ, во вториот квартал оваа година, во однос на првиот, бројот на невработените е намален за 225.200 лица. Во вториот квартал оваа година 26,6 отсто од активното население е без работа, што во однос на првиот квартал претставува пад од 0,9 отсто. Според податоците од април, Шпанија за прв пат имала 6 милиони невработени жители. Моменталниот процент за невработеноста е најнизок во последните пет години во Шпанија.

Пекинг – Кинеските власти донесоа одлука да ги намалат даночните обврски за малите компании за да го поттикнат јакнењето на домашното стопанство. – Малите компании кои остваруваат месечен обрт помал од 20.000 јуани, т.е. 3.260 долари, од 1 август ќе бидат исклучени од плаќање на данок на промет и ДДВ, наведено е во соопштението на кинеската влада. Кинеските власти порачаа дека малите компании играат една од најважните улоги во модернизацијата на земјата и во економскиот развој. – Малите компании имаат важна улога во јакнење на економскиот развој, но и во зголемување на стапката на невработеност на нашите граѓани – наведено е во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП