27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот Mercedes со девет брзини

Првиот Mercedes со девет брзини

mece

„Mercedes“ од септември во својата понуда ќе го вклучи и деветобрзинскиот автоматски менувач „9G-Tronic“. Новиот менувач први ќе можат да го испробаат сопствениците на моделот „E350 BlueTEC“.

Можеби сметате дека толкав број на степени на пренос во еден автоматски менувач е непотребен. Но во „Mercedes“ не мислат така, а имаат и аргументи во прилог на своето тврдење. Германскиот производител вели дека новиот менувач овозможува пониска потрошувачка, помала емисија на штетни гасови, но и дека има влијание на бучавата на моторот поради тоа што почесто ќе работи на понизок број на вртежи.

За премиера на новиот менувач е избран „BlueTEC“ моделот од новата „E сlasѕ“ во седан и караван верзија. „Mercedes E350 BlueTEC“ стандардно ќе биде опремен со автоматски деветобрзинец, а под хаубата ќе се наоѓа 3.0 литарски V6 дизел мотор кој развива 252 ks (185 kW).

Како што велат од „Mercedes“ во комбинација со менувачот „9G-Tronic“ седан верзијата ќе има просечна потрошувачка од 5,3 l/100 km (претходно 5,5 l/100km), додека караван верзијата со иста конфигурација на 100 километри ќе троши 5.5 литри (пред тоа 5.7 литри). Пониската потрошувачка ќе ја следи и помалата емисија на CO2 или 138 g/km кај лимузината (претходно 144 g/km) и 144 g/km кај караванот (пред тоа 152 g/km).

mece1

„9G-Tronic“ менувач.

Инженерите од Штутгарт измериле дека бучавата која допира до патниците во кабината благодарејќи на новиот менувач е пониска за 4dB. Интересно е и дека, иако има две брзини повеќе, новиот менувач е полесен од својот претходник, а исто така е во состојба да пренесе до 1.000 Nm вртежен момент.

Доколку моменталните услови на возење имаат потреба, менувачот може да прескокне и неколку степени на пренос при промена на брзините, без разлика дали се променува од пониска на повисока или обратно. „Mercedes“ истакнува дека „E350 BlueTEC“ сега може да се вози со брзина од 120 km/h во деветта брзина при само 1.350 o/min.

Деветобрзинецот е компатибилен како кај моделите со погон на задните тркала, така и кај оние на кои снагата се пренесува на сите четири тркала, а може и да се вгради и во автомобилите со „Hybrid“ и „Plug-in Hybrid“ технологиите. „Mercedes“ ветува дека новиот менувач наскоро ќе биде прилагоден така да може да се прилагоди со скоро секој модел на мотор на овој производител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП