20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕфектот на Ковид-19: Шангај го замени Лондон како најповрзан град по воздушен...

Ефектот на Ковид-19: Шангај го замени Лондон како најповрзан град по воздушен пат

Шангај го симна од тронот Лондон и стана најефективниот град во светот откако коронавирусот ги потресе меѓународните патувања, пренесува „ВВС“.

Поврзаноста на Лондон по воздух опадна за 67%, според Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Шангај се искачи на врвот на ранг-листата и сега сите четири најповрзани градови во светот се наоѓаат во Кина.

„ИАТА“ забележува дека пандемијата „го уништи напредокот за еден век“ во областа на урбаната поврзаност.

„Драматичната промена ја покажува големината на преуредувањето на глобалната поврзаност во последните месеци“, рече Сибастијан Микош, портпарол на „ИАТА“.

Големите транспортни центри како Лондон, Њујорк и Токио се сериозно погодени од големиот пад на летовите кон и од градовите.

„Нема победници, само некои играчи имаат „помалку повреди“. За кратко време, уништивме еден век напредок во зближување на луѓето и поврзување на пазарите“, додаде Микош.

Авионскиот сообраќај во Кина во голема мера се опорави и за време на празничната сезона околу „Златната недела“, 425 милиони луѓе патувале во земјата, според податоците на кинеското Министерство за туризам.

Покрај тоа, Кина постепено ги отвора воздушните коридори и преговара за договори за без карантин за патувања со голем број земји, вклучувајќи ги Јапонија и Сингапур.

Сега четирите најповрзани градови во светот се Шангај, Пекинг, Гуангжу и Ченгду. Претходно оваа недела, кинескиот претседател Си Џинпинг повика на „глобален механизам“ за користење QR-кодови за отворање на меѓународните патувања.

Големите губитници

Но, на остатокот од Азија не и оди толку добро. Главниот град на Тајланд, Бангкок и Хонг Конг, забележаа голем пад на поврзаноста од 81%.

Индексот на воздушна поврзаност на „ИATA“ мери колку градовите во една земја се поврзани со другите градови во светот кои се важни за трговијата, туризмот, инвестициите и нивната економија. Организацијата проценува дека се изложени на ризик 46 милиони работни места поддржани од воздушниот транспорт.

Во последните две децении, бројот на градови кои се директно поврзани по воздушен пат е зголемен за повеќе од двојно, а трошоците за патување значително опаднаа.

„Пред пандемијата со Ковид-19, растот на воздушната поврзаност беше историја на глобален успех“, рече Микош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП