четврток, февруари 25, 2021
12 °c
Skopje
9 ° чет
11 ° пет
6 ° саб
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,999.79 0.21%    BGOR 147.00 -1.34%    GRNT 1,300.00 -0.46%    KMB 8,196.31 0.06%    LHND 615.00 0%    MPT 73,000.00 -0.4%    RMDEN19 99.50 0%    SBT 3,449.50 -5.21%    UNI 2,580.00 -0.77%    
Почетна ЕКОНОМИЈА МАКЕДОНИЈА

АЕК распиша тендер за научна студија за влијанието на 4Г и 5Г мрежите врз здравјето и околината

ноември 27, 2020
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА
A A
АЕК распиша тендер за научна студија за влијанието на 4Г и 5Г мрежите врз здравјето и околината
28
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за избор на компанија која ќе изработи научна студија „Влијанието на зрачењата од телекомуникациските уреди и технологии врз здравјето на луѓето и околината – животната средина која не опкружува (4Г, 5Г)“.

Тендерот е објавен во Бирото за јавни набавки, а заинтересираните компании кои ќе ги исполнат бараните критериуми врзани за стручноста, искуството и експертизата, своите понуди ќе можат да ги доставуваат до 22 декември. Избраната компанија со која ќе биде склучен договор ќе има обврска во рок од шест месеци да ја изработи бараната студија која ќе биде и основа за понатамошните чекори кои ќе ги презема АЕК врзани за развој на безжичните телекомуникациски мрежи во земјава.

-Веројатно ниту една технолошка револуција не поминала без да предизвика страв кај одредена категорија луѓе. Иако, реално, 5Г за обичниот граѓанин ќе значи само надградба на 4Г мрежата којашто сега е во функција, сепак во АЕК постојано пристигнуваат поплаки кои се мотивирани од страв од новата генерација 5Г мрежи и барања да се отстранат антени за кои граѓаните сметаа дека се од новата генерација, изјави Сашо Димитријоски, директор на АЕК.

И мобилните оператори, додаде, имаат проблеми во поставувањето на антени за 4Г мрежа кои се инсталираат за подобра покриеност и подобри услуги.

-Денес веќе е дојдена ситуација дотаму што секој нов предавател се смета дека е антена за 5Г мрежа. Па дури имавме ситуација каде две антени без запалени, веројатно од оние кои веруваат во опасноста од 5Г мрежата, кои сметале дека станува збор за такви антени. Затоа и решивме да распишеме меѓународен тендер за избор на компанија која ќе направи сеопфатно истражување, мерење и анализа за влијанието на 5Г мрежата врз здравјето на граѓаните. Веруваме дека со неа ќе имаме документ каде точно ќе се знае што е во интерес на граѓаните и како стојат работите со 5Г мрежата, посочи Димитријоски.

Научната студија, како што е наведено во тендерската документација, треба да даде јасна слика за моменталната ситуација со влијанието на зрачењата од телекомуникациските алатки поткрепена со факти, да разработи методологија за мерење, лоцирање и спроведување на мерењата, да содржи анализи и извештаи врз база на добиените информации и извршените мерења. Со неа треба да бидат објаснети зрачењата кои ги создаваат телекомуникациските уреди, нивните гранични вредности на дозволена јачина на зрачење, дефинирано како максимално дозволено, за да не се премине прагот од нештетно во штетно зрачење по здравјето на луѓето како и заштита на околината.

-Територијата на Македонија е покриена со 2Г ,3Г и 4Г мрежа, а операторите се во фаза на подготивкин за изградба на 5Г, понатаму и 6Г и други генерации на мрежи. Во јавноста се отвора дебата поврзана за влијанието на овие технологии врз здравјето и животната средина. Имајќи предив растот на создадениот страв во јавноста, потребно е да се покаже теоретски и практично дека изложеноста на радиофреквентни електромагнетни полиња (RF RFM) во различни микрооколини на постојните мобилни мрежи, вклучително и на новата 5Г мрежа, се во согласност со сите светски препораки, стои во документацијата.

Научната студија треба да докаже и прикаже дали до денес постојат или се докажани некакви здравствени ризици од изложување на RF EMF зрачења, од јавните здравствени агенции и СЗО. Таа треба да опфати и теоретски објаснувања и видови на зрачења, европската регулатива, директивите од меѓународни организации за телекомуникации, приказ на развој на мобилните технологии, научни стандардизации како и примери од земји кои имаат 3,4 и 5Г режи и друго.

Исто така, се очекува таа да даде и препорака за употреба и изградба на постојната и идната 5Г мобилна мрежа, каде да се изгради, растојание меѓу нив, како и проценка на ризик по здравјето како резултат на изложеност на EMF во различни микросредини. 

Тагови: аеквлијаниестудија
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Новогодишно изненадување од А1 Македонија

Следна Објава

Џад Ло: „Постоеше апсолутно чувство дека ова ќе се случи“

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

ИЈЗ: Зголемување од 3,9% на нови случаи, оздравени 1.760 лица
ЕКОНОМИЈА

ИЈЗ: Зголемување од 3,9% на нови случаи, оздравени 1.760 лица

февруари 25, 2021
23

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 15 до 21 февруари 2021, тестирани се вкупно 15.849...

Прочитај повеќе
А1 Македонија продолжува со едукативната програма за деца „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“
КОМПАНИИ

А1 Македонија продолжува со едукативната програма за деца „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“

февруари 25, 2021
10

Од денес А1 Македонија продолжува со едукативни предавања за четвртоодделенците низ земјата, за безбедно користење на интернет, кои се во...

Прочитај повеќе
Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
46

BUZZFEED објави квиз со 10 случајни прашања и пишуваат дека повеќето луѓе не можат да решат точно осум од нив....

Прочитај повеќе
Доколку одговорите правилно на сите прашања во квизот за животните, вие сте енциклопедија во движење
КВИЗ

Решете го овој географски квиз без грешка и веднаш пријавете се на некој квиз за да станете милионер

февруари 25, 2021
31

Подготвивме уште еден квиз за вас, овој пат од географија. Иако честопати сакаме да ви даваме лесни квизови што дури...

Прочитај повеќе
Пентагон успешно тестираше соларен панел во орбитата кој може да ја испраќа енергија насекаде на Земјата
ТЕХНОЛОГИЈА

Пентагон успешно тестираше соларен панел во орбитата кој може да ја испраќа енергија насекаде на Земјата

февруари 25, 2021
32

Прототип на панел наречен PRAM (Photovoltaic Radiofrequency Antenna Module) беше лансиран во вселената во мај 2020 година и беше однесен...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ИЈЗ: Зголемување од 3,9% на нови случаи, оздравени 1.760 лица

ИЈЗ: Зголемување од 3,9% на нови случаи, оздравени 1.760 лица

февруари 25, 2021
А1 Македонија продолжува со едукативната програма за деца „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“

А1 Македонија продолжува со едукативната програма за деца „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“

февруари 25, 2021
Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
Доколку одговорите правилно на сите прашања во квизот за животните, вие сте енциклопедија во движење

Решете го овој географски квиз без грешка и веднаш пријавете се на некој квиз за да станете милионер

февруари 25, 2021
Пентагон успешно тестираше соларен панел во орбитата кој може да ја испраќа енергија насекаде на Земјата

Пентагон успешно тестираше соларен панел во орбитата кој може да ја испраќа енергија насекаде на Земјата

февруари 25, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Маск изгуби 15 милијарди долари за еден ден

    Маск изгуби 15 милијарди долари за еден ден

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Нови 725 случаи на Ковид-19, починаа 13 лица

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Ќе удри ли тапан на свадба годинава? Организаторите на свадби денес на протест пред Влада!

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • НАЈТОЧЕН ТЕСТ: 4 прашања за одредување на личноста

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Новиот електричен модел на „Hyundai“ е сериозна закана за конкуренцијата (ФОТО/ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.02.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 25.02.2021

февруари 25, 2021
1.2k
Неделен хороскоп 22.02.2021 до 28.02.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 22.02.2021 до 28.02.2021

февруари 22, 2021
6.5k

КВИЗОВИ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?
КВИЗ

Повеќето луѓе не можат да решат точно 8 од овие 10 прашања, можете ли вие?

февруари 25, 2021
46

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Џад Ло: „Постоеше апсолутно чувство дека ова ќе се случи“

Џад Ло: „Постоеше апсолутно чувство дека ова ќе се случи“

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани