23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалните компании ќе исплатат скоро 20% помалку дивиденда во 2020-та (ИНФОГРАФИК)

Глобалните компании ќе исплатат скоро 20% помалку дивиденда во 2020-та (ИНФОГРАФИК)

Исплатата на дивиденда од најголемите светски компании во 2020-та година ќе падне за 17,5% – 20%, што е еквивалентно на околу 263 милијарди долари како резултат на кризата со коронавирусот, предвидува инвестициската компанија „Janus Henderson“.

Иако прогнозата покажува помал пад на дивидендите отколку што стравуваа аналитичарите на почетокот на пандемијата на Ковид-19, таа ќе биде поголема од 2009-та година од светската финансиска криза.

Дивидендите се главен извор на приход и за јавните и за приватните пензиски фондови, но компаниите кои се обидуваат да се справат со кризата ги намалија за 55 милијарди долари или за 11,4 проценти во третиот квартал. Ова уследи по падот од 108 милијарди долари или 22% во периодот од април до јуни, кога беше највисоката несигурност од пандемијата.

„Во најдобар случај, ќе имаме годишен пад од 17,5% до 1,20 трилиони долари. Во најлош случај, главните дивиденди ќе се стопат за 20,2% до 1,16 трилиони долари“, коментираат од инвестициската компанија.

 „Ова е најлошата година од светската финансиска криза“, рече Џејн Шомаке, директор за инвестиции во „Janus Henderson“.

„Ако животот почне да се враќа во некоја форма на нормалност, дури и некои од најтешко погодените компании (како што се патничките, забавните и трговските друштва) ќе можат повторно да започнат да плаќаат дивиденда“, рече таа.

Поделени по сектори, најлош пад во третиот квартал имаше кај потрошувачките ориентирани компании, а производителите на автомобили и забавните компании објавија најголеми намалувања на политиката за дивиденда.

Медиумите, астронаутиката и банките исто така беа сериозно погодени, додека фармацевтските производители, производителите на храна и трговците на мало објавија поголеми дивиденди.

Географски, британските банки и нафтени компании објавија пад на дивидендата за 42%, додека банкарските дивиденди во Австралија се намалија за 40%.

Плаќањата кон инвеститорите во американските компании паднаа за 3,9%, додека исплатите кон акционерите во јапонските компании паднаа за 16%, а извозниците беа особено погодени.

Техничките гиганти во голема мера ја избегнаа пандемијата неповредени, со тоа што „Microsoft“ подели 10% поголема дивиденда до крајот на четвртиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП