24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтудија: Пандемијата Ковид-19 можеше да спречи ако 70 отсто од луѓето носеа...

Студија: Пандемијата Ковид-19 можеше да спречи ако 70 отсто од луѓето носеа маски

Според новото истражување, пандемијата на коронавирус можеше да биде запрена, ако 70% од луѓето носеа маски на јавни места.

Студијата исто така покажала дека материјалот од кој е направена маската и должината на носењето на маската играат важна улога во ефективноста.

Студијата, објавена во списанието „Physics of Fluids“, се бавела со истражување на маски за лице и ревидирани епидемиолошки извештаи за да ја разбере улогата на маските во намалувањето на преносот на патогени и вируси.

Улогата на заштитните маски

Истражувачите откриле во нивната студија дека маските со високи перформанси, како што се хируршките маски со ефикасност од околу 70 проценти, можат да го забават текот на пандемијата за 70 проценти во средини каде што граѓаните редовно користат такви маски во јавноста.

Дури и маските од ткаенина, кои се помалку ефикасни од хируршките, помагаат во забавување на ширењето на вирусот доколку се носи постојано, тврдат научниците од студијата.

Според научниците, клучен аспект на носењето маски е нивната способност да спречат ширење на аеросоли низ воздухот. Ова може да се спречи само со хируршки маски или маски со ознаката N95. Маските од платно спречуваат поголеми аеросоли, со големина од 5-10 микрони, кои се најчести.

Ефективноста на долгорочно носење маски, како што прават здравствените работници, покажува колку ефективни можат да бидат маските за носење.

Научниците уште еднаш ја истакнаа важноста од редовно носење маски во борбата против пандемијата, пренесува The Hindu Business Line.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП