20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛегендата испратен на вечен одмор: Погребот на Марадона беше обележан со нереди...

Легендата испратен на вечен одмор: Погребот на Марадона беше обележан со нереди и судири со полицијата!(ВИДЕО)

На последното збогување присуствуваа само семејството и пријателите.

Според многумина, најдобриот фудбалер на сите времиња и, дефинитивно, најголемиот во историјата на аргентинскиот фудбал, Диего Армандо Марадона, беше погребан со илјадници навивачи кои направија колона на улиците на Буенос Аирес, за да му оддадат почит на идолот и херојот на нацијата!

Легендарниот капитен и неповторлива „десетка“, кој го освои Светскиот куп со „гаучосите“ во 1986 година во Мексико, беше однесен на гробиштата „Бела Виста“ на периферијата на главниот град, каде што почиваат родителите на Марадона, и беше погребан на приватната церемонија на која присуствуваше само семејство и најблиските пријатели.

Илјадници фанови на Диего се собраа низ улиците, кои водат до претседателската палата каде лежеше Диего, за да му оддадат последна почит, додека имаше толку многу луѓе по автопатот за да гледаат како неговиот ковчег заминува.

Според странските медиуми, некои навивачи на легендарниот фудбалер фрлале шишиња и метални предмети кон полицијата во центарот на главниот град на Аргентина, а полицијата одговорила со солзавец за да ги смири немирите.

Фановите му испратија бакнежи на починатиот Марадона, поминувајќи покрај дрвениот ковчег во холот на претседателската зграда, а некои се удираа со тупаници во градите и извикуваа „Одиме, Диего“!

По смртта на Диего, претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез, прогласи тридневна жалост во оваа јужноамериканска земја и непосредно пред да замине на гробиштата, тој самиот го посети ковчегот на Марадона.

„Тој беше некој кој го допре небото со рацете, но никогаш не ги тргна нозете од земја“, рече Фернандез.

Ќерките на Марадона, Далма и Џанина, кои Диего ги има од бракот со Клаудија Вилафан, како и неговата ќерка Јана, која Ел Пибе вонбрачно ја доби и подоцна ја призна.

Освен Клаудија Вилафан, на погребот дојде и Вероника Охеда, исто така поранешна сопруга на Марадона, со нивниот син Диегито Фернандо.

Марадона до вечната починка беше придружуван од неговите поранешни соиграчи, со кои го освои Светското првенство во 1986 година, а имаше многу познати аргентински фудбалери, вклучувајќи го и Карлос Тевез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП