ПочетнаЕКОНОМИЈАДанска воведува дигитални возачки дозволи

Данска воведува дигитални возачки дозволи

Данските возачи повеќе не мора да носат возачка дозвола во форма на картичка, туку мобилен телефон во кој се наоѓа специјална апликација со потребните информации е доволен.

Медиумите известуваат дека паметен телефон не е неопходен за дигиталната возачка дозвола, туку кој било уред што е компатибилен со тој систем.

Апликацијата се вика Kørekort и работи со собирање на сите потребни кориснички податоци со скенирање на пасошот. QR-кодот што го генерира и овозможува на полицијата со вчитување веднаш да го провери идентитетот на возачот, нивото на возачката дозвола и датумот на истекување.

Со оглед на едноставноста на технологијата, може да се очекува и други европски земји да започнат со воведување на дигитални документи потребни за возење.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП