26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAxel Springer продава весници за 920 милиони евра

Axel Springer продава весници за 920 милиони евра

axel

Германскиот издавач „Axel Springer“ објави денеска дека ќе ги продаде регионалните весници, телевизиските програмски водичи и магазинот за жени за 920 милиони евра на медиумската група „Funke“. Со ваквиот чекор компанијата сака да се фокусираат на дигиталните медиуми.

Продажбата која ги вклучува дневните весници „Berliner Morgenpost“ и „Hamburger Abendblatt“ е во склад со законите за обединување и забраната за картели, а договорот треба да стапи во сила на 1-ви јануари 2014-та година.

„Axel Springer“ е издавач на најпродаваниот европски весник „Bild“ и од компанијата истакнуваат дека сакаат да продолжат да ја развиваат дигиталната стратегија поради тоа што сакаат да станат водечка дигитална медиумска група, како и да се фокусираат на главните весници „Bild“ и „Welt“ и да ги прошират нивните „online“ изданија.

„Funke“ претходно беше позната како медиумската група „WAZ“ која ги објавуваше регионалните весници, рекламните материјали и магазини, а сега се очекува да ги превземе „Hoerzu“, „TV Digital“, „Funk Uhr“, „Bildwoche“, „TV Neu“, „Bild der Frau“ и „Frau von Heute“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП