Просечната нето-плата во Србија, пресметана за септември, изнесува 59.698 динари(507 евра), што е номинално за 11,2 проценти повеќе отколку во истиот месец минатата година, или реално за 9,2%, објави Републичкото биро за статистика на Србија.
Како што е наведено, просечната бруто плата (со вклучени даноци и придонеси) изнесува 82.515 динари и е номинално повисока за 11,3 проценти, а реално за 9,3 проценти.

