4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрзан раст на британската економија

Забрзан раст на британската економија

building-flag-london-uk-flag-Favim.com-332027

Економскиот раст на Велика Британија забележа пораст во второто тромесечие за 0.6 проценти во однос на претходниот квартал.

„Бруто домашниот производ (BDP) порасна во вториот квартал за 0.6 проценти во споредба со првиот, каде стапката на раст изнесуваше 0.3 проценти“, соопшти канцеларијата за национална статистика (ONS).

На годишна основа пак, британската економија порасна во вториот квартал за 1.4 проценти. И двата податока се во склад со прогнозите на аналитичарите.

Британскиот министер за финансии, Џорџ Озборн ги поздрави податоците, велејќи дека британската економија се обновува, но предупреди дека патот се уште е долг.

„Јас нема да попуштам во својата одлучност да го подобриме сето тоа што не беше во ред во нашата економија и доведе до глобалната финансиска криза во 2008-та“, додаде Озборн.

Добрите резултати веројатно ќе и дадат на британската влада малку одмор од критиките поради острите мерки за штедење. Критичарите тврдат и покрај подобрувањето на состојбата, многу луѓе во Британија не уживаат во подобриот животен стандард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП