Наутро ќе биде студено и понекаде во котлините со појава на магла. Преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје наутро ќе има услови за појава на магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 9 степени.

