27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпортска елеганција со Audi RS7 Sprotback

Спортска елеганција со Audi RS7 Sprotback

rs

Моделот „Audi RS7 Sprotback“ ја комбинира моќта на спортски автомобил со елеганцијата на големо купе со пет врати. Овој автомобил забрзува од 0 дo 100km/h за само 3.9 секунди, додека максималната ограничена брзина изнесува 305km/h.

И покрај големата моќност на „bi-turbo“ V8 моторот кој развива 560ks, моделот „RS7 Sportback“ троши просечно 9.8 L/100km. Дизајнот на ова возило е навистина импресивен. Автомобилот поседува долг поклопец на моторот и меѓуосовинско растојание од 2.92 метри.

rs1

Возилото го карактеризираат спортските детали како што се браниците кои специјално се развиени за овој модел. Потоа делимично затемнетите LED светла, црната решетка на моторот со висок сјај, како и матираните алуминиумски прагови.

Срцетот на овој модел е 4.0 литарскиот „TFSI“ мотор кој е дел од стратегијата на компанијата за намалување на зафатнината на моторот за возилата од високата класа, а притоа да се заджат високите вредности на моќта на моторот. Агрегатот е со зафатнина од 3993cc при што развива моќ од 560ks и 700Nm вртежен момент.

rs2

Возилото е опремено со осумстепен типтроник менувач, но на возачите ќе им биде понуден и мануелен.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП