7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Merck“ купува создавач на третман за тешки случаи на Ковид-19

„Merck“ купува создавач на третман за тешки случаи на Ковид-19

Американската фармацевтска компанија „Merck & Co.“ се согласи да ја купи приватната компанија за биотехнологија „OncoImmune“ со авансно плаќање од 425 милиони американски долари за стекнување на потенцијалениот третман за Ковид-19, според „Bloomberg“.

„OncoImmune“ неодамна објави позитивни средни резултати од напредните студии на лекот „CD24Fc“, создаден за лекување на пациенти со тежок коронавирус. Терапијата е создадена да одговори на здравствените проблеми предизвикани од Ковид-19 и да спречи оштетување на човечките клетки – главна причина за компликации кај пациенти заразени со коронавирусот.

Одлуката на управата на „Merck“ да ја купи компанијата беше објавена во време кога јавноста беше преплавена од оптимизам за напредокот на вакцините за коронавирусот. Вакцини произведени од „Pfizer Inc.“, „Moderna Inc.“ и „AstraZeneca Plc.“ веќе даваат позитивни резултати. Во исто време, третманите со антитела на „Regeneron Pharmaceuticals“ и „Eli Lilly & Co.“ веќе добија одобрение од регулаторите на САД за широко распространета употреба.

„Неодамнешните клинички испитувања го поддржуваат тврдењето дека „CD24Fc“ може да има придобивки над стандардната терапија за пациенти со Ковид-19 на кои им треба командно дишење“, рече Роџер Пирлмутер, претседател на лабораториите за истражување во „Merck“.

„OncoImmune“ спроведува испитувања на лекот во трета фаза, а се вклучени најмалку 10 американски медицински центри.

Аквизицијата е поврзана со големите планови за преструктуирање на „Merck“. Компанијата неодамна соопшти дека Пирлмутер ќе се пензионира на крајот на годината. „Merck“ исто така започна внатрешно пребарување за следниот извршен директор кој ќе го замени Кенет Фрејзер.

Акциите на „Merck“ пораснаа за 2,1% на почетокот на редовната сесија во Њујорк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП